Производ на месецот - витамин Ц со железо PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 09 Јануари 2012 16:52

Чест ни е да ви го претставиме производот на компанијата Хербалајф - Formula 4, витамин Ц со железо. Посебна смеша од минерални соли на калциум, калиум, магнезиум, железо и витамин C, којашто го подобрува врзувањето на штетните материи што преку храната, пијалаците и вдишувањето загаден воздух ги внесуваме во организмот. Ја подобрува размената на материите и го забрзува исфрлањето на отровите од организмот.

Oвој производ го поправа изгледот на кожата онаму каде што во масното ткиво се наталожила вода и отпадни материи (целулит). Со воспоставувањето природна рамнотежа на водата во организмот и со елиминација на отпадните материи добиваме мазна и еластична кожа. За борба против целулитот потребно е и редовно да ја масирате кожата со фротирска ракавица, да пиете доволно вода, а што помалку кафе и чај.

Својства на Формула 4:

  1. Содржи минерални соли во оптимални дневни дози. Посебно е збогатен со витамин C кој има важна улога во формирањето и одржувањето на здравјето на забите и на коските. Билката Bochu и боровинките во прав помагаат да се спречи задржување на водата во организмот. Билката Couch Grass дејствува како антиоксиданс и ги ублажува иритациите. Брадата од пченка е состојка со смирувачко дејство.
  2. Помага во борбата против анемиите.
  3. Го забрзува зараснувањето на раните.
  4. Го намалува стресот.
  5. Ја зголемува отпорноста кон инфекции. Го зголемува имунитетот.

Начин на употреба: по 1 брикета пред секој оброк (трипати дневно).