Клиничка дебелина - тренд во Македонија, во светот PDF Печати Е-пошта
wellness
Среда, 04 Јануари 2012 15:28

По првпат во историјата на човештвото бројот на луѓе со покачена телесна тежина е двојно поголем од бројот на луѓето што умираат од глад. Според најновите податоци на СЗО (Светска здравствена организација), 850 милиони луѓе во светот се со критично ниска телесна тежина, а 1,6 милијарди имаат покачена телесна тежина – тоа се 30% од светската популација! Од нив 400 милиони страдаат од патолошка дебелина. Научниците предвидуваат дека во наредните 30 години бројот на лица со покачена телесна тежина двојно ќе се зголеми, односно дека повеќе од 50% од светската популација ќе има вишок килограми!

Индустриската револуција, развојот на прехранбената индустрија и седечкиот начин на живот доведоа до драматични промени во начинот на исхрана и во животните навики на современиот човек.

Лекарите предупредуваат: како последица од овој опасен, незапирлив тренд на покачување на телесната тежина, на здравјето на човештвото на глобално ниво му се заканува „цунами ефект“.

Телесната тежина се зголемува кога ќе се наруши балансот меѓу тоа колку калории (енергија) внесуваме и колку трошиме. Овој баланс се нарушува со: 1. зголемување на калорискиот внес (пр. висококалорична храна богата со масти) а осиромашување на хранливите состојки; 2. со намалување на потрошувачката на енергија (немаме никаква физичка акгивност) и 3. со комбинација на 1+2.

Вишокот енергија што ќе остане неискористен се складира во масните ткива и го загрозува здравјето на виталните органи.

Овој процес се забрзува во услови на постоење генетска предиспозиција.

Дебелината се лекува со:

  1. редовно консумирање здрави, избалансирани оброци, и
  2. промена во соодносот калориски внес - потрошувачка.

Со други зборови: јадеме редовни квалитетни оброци, внесуваме помалку калории, а повеќе се движиме.