ПОЧЕТОК arrow WELLNESS LIFESTYLE
WELLNESS LIFESTYLE
Киви

Калории: 40 (едно, средна големина)

Јаглехидрати 12g
Протеини 1g
Билни влакна 2.6g

Клучни нутриенти: Едно киви содржи повеќе витамин Ц од еден портокал, иста количина на витамин Е како едно авокадо, а содржи и бетакаротен, калциум, магнезиум, фосфор, калиум, сулфур и лутеин, јак антиолсиданс познат по свото својство за заштита од точкаста дегенерација.

...прочитај повеќе
 
Хормони - функција и влијанија

Главната функција на ендокрините жлезди е секреција на хормони директно во крвотокот. Хормоните се хемиски супстанци кои влијаат вррз функционирањето на целиот организам. Во суштина тие се еден вид пренесувачи на информации кои ги контролираат и координираат активностите низ целото тело.

Хормоните се неопходни за контролирање на работата на сите органи и процеси како растот, развојот, репродукцијата и сексуалните карактеристики. Хормоните исто така влијаат и врз начинот на кој телото ја користи и складира енергијата и врз количината и нивото на хранливи состојки во крвотокот.

Интересно е дека сосема мали количини на некој хормон, може да предизвикаат многу силен одговор на одредени делови од телото. Иако постојано циркулираат во крвотокот, сеој хормон има точно одредени органи и ткива врз кои ја извршува својата функција.

...прочитај повеќе
 
Кромид

Калории: 41 (средна големина, сварен)

Јаглехидрати: 10g

Протеини: 1g

Билни влакна: 1.3g

Клучни нутриенти: содржи антивоспалителен флавоноиден кверцентин и споеви на сулфур. Исто така содржи витамини Ц и А, сулфур, селен и железо.

...прочитај повеќе
 
Дали уживате во готвењето дома?

Пред само 50-тина години нашата храна била поприродна. Немало микробранови печки, готови јадења, ланци ресторани за брза храна.

Готвењето дома било своевиден стандард. Се правеле јадења од сезонски намирници, природни, органски и свежо приготвени. Било помалку комплицирано да се јаде. Луѓето не биле постојано бомбардирани од истражувања поврзани со храната која ја јадат. Не морале да се плашат од тоа што би требало да јадат, а што не.

За разлика од ова помислете колку често седнувате на маса, погледнувате во чинијата и помислувате: „Треба да јадам повеќе зеленчук“, или „ова содржи премногу маснотии, калории, јаглехидрати“?

Мислите дека вашата баба ја мачеле вакви мисли? Сигурно не! Во нивно време храната била наменета за јадење, а не за анализирање.

...прочитај повеќе
 
Брокули

Калории: 56 (250g , сварена)

Јаглехидрати: 12g

Протеини: 4g

Билни влакна: 5.2g

Клучни нутриенти: Дава 44mg витамин Ц на 100g (сварена). Содржи и витамини А, Е и Б, железо, бета каротен и фолна киселина, магнезиум, калциум, фосфор,калуим и цинк.

...прочитај повеќе
 
Како на едноставен начин да го зајакнете имунитетот

Практикувајте квалитетен сон

Многу важна работа во поглед на подобрување на имунитетот е да си овозможите одмор и мирен сон. Иако за секој човек е различно, најголем дел од експертите препорачуваат спиење најмалку 7 часа секоја ноќ. Квалитетниот сон ќе ви даде расположение во текот на целиот ден.

Обрнете внимание на исхраната

Здравиот начин на исхрана исто така има влијание за подобрување на имунитетот. Повеќе имунолози тврдат дека најдобрите намирници за зајакнување на имунитетот доаѓаат од природата. За здрав имунитет, истражувањата покажуваат дека најдобра комбинација е кога се конзумираат интегрални намирници, зеленчук и овошје.

...прочитај повеќе
 
Јадете исправно – јадете зелено!

Уште од дете знаете дека мора да се јаде зеленчук. Но, како дете, веројатно сте го јаделе зеленчукот за да го добиете својот омилен десерт!

Сега, ако размислувате за сопствената добросостојба знаете дека е време да се јаде свеж зеленчук, без никакви условувања и притисоци. Заради богатство со животно важни нутриенти важно е да се изедат пет порции овошје и зеленчук дневно.

Дали сте загрижени заради хранливите вредности на храната која секојдневно ја јадете?

...прочитај повеќе
 
Дали внесувате доволно билни влакна во исхраната?
По една порција овошје и зеленчук, плус 6-11 порции семенки и житарици, го снабдуваат нашето тело со 23-35 грама билни влакна, како што препорачуваат стручњаците за исхрана. Влакната се клучни за здрава пробава, па можете својата исхрана да ја збогатите со додатокот во исхраната на Herbalife, направен од влакна и лековити билки и да му помогнете на своето тело. Додајте вистинска прехрамбена „сигурносна мрежа“. Погрижете се да извлечете најмногу од овошјето, зеленчукот и додатоците, така што ќе го вклучите производот Cell Activator на Herbalife во секојдневниот режим на исхрана. Toj делува онака како што му е и името: помага во урамнотежување на апсорпцијата и искористување на добрите нутриенти од храната и го искористува така да ги активира сите клетки во телото.
 
Алергија на млеко - симптоми

Алергијата на млеко често се меша со нетолерантност кон лактоза, што е неможност на телото да ја свари (прoцесира) лактозата од шеќер. Алергијата на млеко се појавува кога имуниот систем по грешка почнува да се бори со протеините кои се наоѓаат во млекото. Казеин и сурутка се двата протеински алергени кои се наоѓаат во млекото. Изварката која се формира кога млекото се остава да скисне, се нарекува казеин. Водениот дел кој останува кога изварката ќе се тргне се нарекува сурутка.

Алергијата на млеко може да се појави кај луѓе од различни возрасти, но најчеста е кај доенчињата. Приближно 2% до 3% од доенчињата имаат алергија на млеко, и таа најчесто ја снемува сама по себе кога детето ќе наполни 3 до 5 години. Мајките кои ги дојат своите новороденчиња, а имаат алергија на млеко, треба да ја намалат количината на млечни производи која ја внесуваат преку исхраната, затоа што млечните протеини може да прејдат и во млекото со кое бебињата се дојат.

...прочитај повеќе
 
Нетолерантност кон лактоза - симптоми

Нетолерантноста кон лактоза често се меша со алергијата кон млеко и млечни производи, но тоа не е исто. Нетолерантноста кон лактоза е неможност на организмот да ги вари (обработува, процесира) млечните производи и денес е една од најчестите физички состојби кои ги погодуваат луѓето. Луѓето не можат да ја апсорбираат лактозата како извор на калории, освен ако прво не ја разбијат на моносахаридни шеќери: гликоза и галактоза. Ова се постигнува со помош на делување на ензимот лактаза, кој е задолжен за разбивање на лактозата. Како луѓето стареат, така, кај повеќето, се намалува способноста да произведуваат лактаза. Понекогаш доаѓа и до точка кога нивниот организам не може да се справи со целата лактоза која се внесува преку храната.

...прочитај повеќе
 
¦ клик тука за повеќе ¦

ЕЛЕКТРОНСКИ ВЕСНИК

Биди редовно информиран за настаните и новостите од тимот на www.WellnessMk.com. Пријави се за да го добиваш нашиот бесплатен електронски весник. Излегува еднаш неделно.

Последно издание

Email адреса:
* Внеси го кодот:

Архива: #001, #002, #003, #004, #005, #006, #007, #008, #009, #010, #011, #012, #013, #014, #015, #016, #017, #018, #019, #020, #021, #022, #023, #024, #025

  Add Site to Favorites
  Add Page to Favorites
  Make Homepage

Google
 
 
 
 
 

Контакт со wellness тренер

Контактирај го нашиот тим за бесплатен совет и препорака. Нашите wellness советници ти стојат на располагање со своето знаење и искуство. Кликни на банерите и започни разговор веднаш:

Соња Димитровска

Chat with me

Горан Димитровски

Chat with me