WELLNESS LIFESTYLE
Совети за подобра кондиција | Совети за подобра кондиција |
|
Редовната физичка активност е еден од најдобрите начини за да се забрза слабеењето. Редовната физичка активност влијае и на подобрување на здравјето на многу начини: од намалување на ризикот од заболување од дегенеративни болести до подобрување на расположението. Што всушност значи „вежбањето“ и како на лесен начин да се осигура дневната потреба за физичка активност, без при тоа да мора да одите на аеробик или во теретана? Најнапред треба да се запрашате: Кое е моето ниво на активност? Некои се ставаат во групата на спортисти - тренираат и се натпреваруваат редовно. Друга група се активни и во добра кондиција, уживаат лежерно во спортувањето во теретана, а можеби и во текот на неделата практикуваат тенис. Следната група на луѓе се оние кои не практикуваат ниту еден спорт, но се сепак активни во текот на денот: постојано трчаат по децата, возат велосипед или пешачат до работа. Иако секој од нас знае што е добро за него, сепак многу луѓе и не сакаат да вежбаат. Стручњаците инсистираат сега да постои уште еден начин за одржување на кондиција: практикување на најмалку 30 минути „акумулирана“ физичка активност во текот на денот. Во оваа „акумулирана“ физичка активност би се вбројале: качување по скали, работа во двор (оние кои го имаат), работа низ дома, паркирање на автомобилот на пооддалечено место на паркингот и пешачење до местото каде треба да се стигне. Ваквите активности покрај редовното вежбање може да помогнат во губење на килограмите и намалување на ризикот од :
А помагаат при:
Вистина е дека секоја физичка активност помага во одржување на мускулата маса, трошење на горивото и постигнување на поздрава телесна тежина. Губењето на вишокот на килограми и постигнувањето на низок процент на телесни масти не само што ја подобрува надворешната слика за нас и самопочитувањето, туку и долгорочно може да го заштити нашето добро здравје. А токму тоа е нешто поради кое треба да бидеме активни! Автор: Heather Livingston, M.Sc. Member of Herbalife’s Advisory Board |
| ПОЧЕТОК |
| ШТО Е WELLNESS? |
| WELLNESS LIFESTYLE |
| HERBALIFE ИНФО |
| ПРОИЗВОДИ - КАТАЛОГ |
| КОЗМЕТИКА |
| ЦЕЛНИ ПРОГРАМИ |
| СПОРТСКА ИСХРАНА |
| ИСКУСТВА |
| ПРЕПОРАЧАЈ НЕ НА ПРИЈАТЕЛ |
| КОНТАКТ |
Биди редовно информиран за настаните и новостите од тимот на www.WellnessMk.com. Пријави се за да го добиваш нашиот бесплатен електронски весник. Излегува еднаш неделно.

Контактирај го нашиот тим за бесплатен совет и препорака. Нашите wellness советници ти стојат на располагање со своето знаење и искуство. Кликни на банерите и започни разговор веднаш: