ПОЧЕТОК
Здраво тенко црево - добар имунитет

Дигестивниот тракт има вкупна должина од 9 м. и површина од 185 квадратни метри. Всушност, од устата па сè до ректумот, и тој се наоѓа „надвор“ од телото. Низ него секој ден минува околу 1,2 кг. храна на која и се потребни 24 часа за целосно да се процесира. Во текот на еден просечен животен век, дигестивниот тракт обработува вкупно 30 тони храна.

Храната што ја јадеме само „минува низ нас“, како низ тунел во кој многу внимателно се селектираат материите што потоа преку крвотокот се апсорбираат (навлегуваат) во телото. Кога не би било така, тогаш она што го внесуваме преку устата може буквално да нè убие. Имено, освен храната, преку устата влегуваат и разни штетни бактерии и микроорганизми, како и токсични материи.

 

Тенко црево - долго е 8 метри и во него се врши хемиска обработка на храната и нејзино разлагање на хранливи материи, што потоа се апсорбираат во крвотокот.

Здравото тенко црево не пропушта НИШТО ДРУГО да навлезе во телото. Научно е докажано дека 75% од имунитетот на човекот зависи од здравјето на цревните ресички.

Цревни ресички - за да се зголеми површината преку која се апсорбираат хранливите материи, ѕидот на тенкото црево е обложен со цревни ресички (villi - видливи со голо око), а овие со микро-ресички (microvilli - видливи само под микроскоп). На секој квадратен милиметар има по 20-40 ресички, или вкупно во тенкото црево на возрасен човек има меѓу 3,5 и 7,5 милиони цревни ресички, со што површината на тенкото црево е еквивалентна на еден тениски терен. Тенкото црево има витална функција - не’ одржува во живот.

Цревните ресички ги апсорбираат витамините, минералите и другите хранливи материи од храната што ја јадеме. Процесот на апсорпција е толку ефикасен што кај возрасен човек со здрави цревни ресички се апсорбираат преку 95% од јагленохидратите и протеините што се внесени преку храната. Добрата апсорпција на протеините е клучна за постигнување ситост, и за изградба и одржување здрава мускулна маса. Лицата со здравни цревни ресички се заситуваат со помалку храна и имаат здрава мускулна маса зашто кај нив хранливите материи ефикасно се апсорбираат од тенкото црево и нивниот организам е добро нахранет со помалку храна.

Оштетени цревни ресички - штетните животни навики, како што се прекумерното консумирање кафе, алкохол, цигари, мрсна и тешка храна полна со пестициди, разни адитиви и конзерванси, стресот и загадувањето, значително ги оштетуваат цревните ресички и тие се тенчат и се смалуваат.

 
Тогаш се нарушува работата на тенкото црево, во него се задржуваат и остатоци од храна (и до 5 кг.!), што прави подлога за задржување и размножување на штетни организми, додека истовремено се нарушува и значително се намалува апсорпцијата на хранливите материи.
 
 
ЗАМОРОТ И ДЕПРЕСИЈАТА СЕ ПРВИТЕ ЗНАЦИ НА ЛОША АПСОРПЦИЈА.
 
Здрави цревни ресички – тие се од витално значење за човекот затоа што:
  1. Го заштитуваат организмот од бактерии, токсини и од други штетни материи;
  2. Максимално ги искористуваат сите витални нутриенти од храната што ја јадеме, заради што се чувствуваме сити со помали количества храна.
Производот Формула 1 на Herbalife содржи SUPRO соја, единствен вид на изолат од соја што во својот состав има три вида супстанци кои го враќаат и го одржуваат здравјето на цревните ресички: глутамин, аргенин и специфични аминокиселини. Со подобрувањето на здравјето на дигестивниот тракт се подобрува и апсорпцијата на хранливите материи. Телото почнува добро и правилно да се исхранува и набргу почнува да ни се враќа енергијата, чувството на виталност и добро здравје и доброто расположение.

 

 

 

Спортски искуства

Искуства со тежина

  Add Site to Favorites
  Add Page to Favorites
  Make Homepage
 
 
 
 
 

Контакт со wellness тренер

Контактирај го нашиот тим за бесплатен совет и препорака. Нашите wellness советници ти стојат на располагање со своето знаење и искуство. Кликни на банерите и започни разговор веднаш:

Соња Димитровска

Chat with me

Горан Димитровски

Chat with me

ЕЛЕКТРОНСКИ ВЕСНИК

Биди редовно информиран за настаните и новостите од тимот на www.WellnessMk.com. Пријави се за да го добиваш нашиот бесплатен електронски весник. Излегува еднаш неделно.

Последно издание

Email адреса:
* Внеси го кодот: