ПОЧЕТОК arrow ПРОИЗВОДИ - КАТАЛОГ arrow ОСНОВНА ИСХРАНА
ОСНОВНА ИСХРАНА

Formula 1

ImageФормула 1 е темелот на нашата програма. Станува збор за целосно избалансирана и научно формулирана извонредна мешавина од високо квалитетни протеини од соја, добри јагленохидрати, 23 витамини и минерали, аминокиселини и растителни влакна, дизајнирана така што директно ги исхранува клетките во организмот. Формула 1 е најквалитетната и најсигурната храна на денешнината.

Протеинот од соја е висококвалитетен протеин од растително потекло што во себе не содржи масти. Бројни научни истражувања докажуваат дека протеинот од соја е корисен за одржување здравјето на срцето во рамките на оптималниот начин на живот. Дневен внес на најмалку 25 грама протеин од соја помага во намалувањето нивото на холестерол во крвта. Протеинот помага да се ублажува чувството на глад и да се одржува здрава немасна мускулна маса. Желбата да изедете уште нешто иако веќе сте внесле доволен број калории најчесто е сигнал дека организмот не ги добил сите потребни хранливи материи, односно, добил т.н. „празни калории“ (од засладени сокови, чипс, смоки и други „грицки“,чоколади и други слатки, како и од т.н. „брза храна“). Еден оброк Формула 1 содржи 10,6 гр. протеини од соја.

Својства на Формула 1:

  1. Создава чувство на ситост и задоволство и му дава енергија на организмот.
  2. Претставува добар извор на растителни влакна.
  3. Богата е со витамини и минерали, меѓу кои и антиоксидансите А, Ц и Е, кои помагаат при заштита на клетката од штетните влијанија на загадениот воздух, водата и храната.
  4. Содржи Aminogen®,откритие во технологијата на ензимите, којшто ја подобрува апсорпцијата на протеините од храната.
  5. Кога се користи во спрега со немрсна и нискокалорична храна, може да помогне да се намали нивото на холестерол во крвта.
  6. Претставува комплетна замена за оброк, а нејзините висококвалитетни состојки ги задоволуваат сите потреби на организмот.
  7. Се произведува во 4 вкуса: ванила, јагода, чоколадо и капучино.

Начин на употреба:

  1. Појадок: 2 супени лажици на Формула 1 и 1-2 лажици Протеински додаток се раствораат во 2,5 дл течност (млеко до 1,5% масленост, овошен сок или јогурт без додатоци на шеќер); додадете овошје по желба.
  2. Ручек: избалансиран традиционален оброк по избор.
  3. Вечера: 2 супени лажици на Формула 1 и 1 лажица Протеински додаток се раствораат во 2,5 дл течност; додадете овошје по желба.

Formula 2

ImageСовремениот стресен начин на живот и загадената околина претставуваат дополнителна причина поради која секојдневно треба да обезбедуваме правилен внес на хранливи материи. Во процесот на контрола на тежината, што автоматски подразбира намалување на калорискиот внес, го намалуваме и внесот на потребните витамини и минерали. Секој витамин и минерал игра многу важна улога во одржувањето на здравјето, така што Формула 2 претставува многу важен производ којшто ја воспоставува природната рамнотежа на витамините и минералите во организмот.

Формула 2 го содржи потребното дневно количество витамини и минерали

  • Витамините А и Ц – зголемување на имунитетот
  • Витамините А и Д – раст и обнова на кожата
  • Витамините Б – претворање на храната во енергија
  • Магнезиум – одржување на густината на коските
  • Јод – контрола на метаболизмот
  • Хром – го подобрува дејствувањето на инсулинот

Богата со витамин А (за подобра кожа, вид, нормален раст на новите клетки...) и посебно со витамините Б1 и Б12 (за природно функционирање на нервниот систем, нормален раст, плодност, пробава кожа, метаболизам на белковините и развој на еритроцитите), калцијум којшто ги чува коските, железо за одржување на здрава крв...

Се бори против стресот и го релаксира организмот, ги отстранува уморот и депресијата.

Начин на употреба: 1 брикета пред секој оброк.

Fibre & Herb

ImageЛошите навики во исхраната, стресното темпо на живот, бучавата и загадената околина на организмот му ги одземаат виталните хранливи состојки и доведуваат до заслабнување на нашиот имунитет. Кај повеќето од нас систем за варење на храната не функционира правилно и природно, па така, поради неквалитетната пробава и апсорпција, хранливите состојки не стигнуваат до клетката, а со тоа клетката не ја добива потребната енергија. Последиците на оваа појава се заморот, нервозата, раздразливоста, немирот, таложењето масни наслаги, зголемената телесна тежина, разни болести...

Овој производ помага во отстранувањето на отпадните материи и токсините од организмот. Во 8 брикети има околу 3-4 гр. корисни растителни влакна. Недостигот од растителни влакна доведува до појава на голем број болести на современиот начин на живот („мрзливи црева“).

Најчесто јадеме преработената храна којашто содржи ограничено количество влакна. Својства на Fibre&Herb:

  1. Збогатен со растителни влакна, 17 видови тревки и лековити билки, јаболков оцет...
  2. Ја регулира работата на желудникот, на цревниот тракт и на бубрезите.
  3. На природен начин ја чисти и ја ревитализира цревната флора.
  4. Придонесува кон подобра апсорпција на хранливите состојки и исфрлање на отпадните и штетни материи.

Начин на употреба: по 2 брикети пред секој оброк (трипати дневно)

 

 

  Add Site to Favorites
  Add Page to Favorites
  Make Homepage
 
 
 
 
 

Контакт со wellness тренер

Контактирај го нашиот тим за бесплатен совет и препорака. Нашите wellness советници ти стојат на располагање со своето знаење и искуство. Кликни на банерите и започни разговор веднаш:

Соња Димитровска

Chat with me

Горан Димитровски

Chat with me

ЕЛЕКТРОНСКИ ВЕСНИК

Биди редовно информиран за настаните и новостите од тимот на www.WellnessMk.com. Пријави се за да го добиваш нашиот бесплатен електронски весник. Излегува еднаш неделно.

Последно издание

Email адреса:
* Внеси го кодот: