|
Мај е месец за борба против артритисот, и со 206 коски и 230 места на кои тие се спојуваат во телото (зглобови), вистинско време е да почне да се размислува за тоа колку се тие здрави.
Човековиот скелет наизглед е толку тежок и долготраен, што е тешко да се поверува дека коските се навистина тврди органи, кои ги поднесуваат сите метаболички процеси, исто како и другите органи во телото. Во текот на нашиот живот, коските се развивале таму каде што имало потреба од нив – а се отстранети таму каде воопшто немале никаква функција – соодветно на растењето, настанувањето на повреди или други фактори.
Коските се во фаза на растење се додека човекот не наполни 30 години. Кога коските растат и зајакнуваат, калциумот, основниот минерал од кој се направени коските, се вади од крвта со цел да се формира нова коска или дел од коската - за таа да порасне. Ова е причината зошто во текот на периодот во кој коските растат мора да се користи калциум во секојдневната исхрана. Витаминот Д кој му помага на телото да го апсорбира калциумот, исто така игра голема улога во одржување на здравјето на коските.
Физичките промени и промените во исхраната и начинот на живот со процесот на стареење, може да влијаат на здравјето на човековиот костур (скелет) и да го нарушат балансот помеѓу градењето на коските и нивното кршење. Недостатокот на калциум и витамин Д, физичката неактивност, пушењето и хормоналните промени кои се појавуваат со процесот на стареење може да влијаат на недостаток на минерали во коските.
Местата каде се спојваат коските (зглобовите), се исто така погодени од процесот на стареење. Рскавицата која ги покрива краевите на коските, прави природна подлога помеѓу коските (перничиња). Како што ги мрдаме зглобовите или екстремитетите, тие перничиња се истенчуваат. Создавањето на глукозамин сулфат, природна состојка која ја прави самото тело и која помага во формирањето на тие перничиња меѓу коските, исто така се намалува со текот на годините.
„Одржувањето на здравјето на коските е важно за сите возрасти“, вели Luigi Gratton, M.D., потпретседател за медицински прашања во Herbalife. И додава, „соодветна количина на калциум и витамин Д се важни во текот на целиот живот, и многу возрасни не конзумираат ни близу од потребната количина од овие нутриенти на дневна база“.
За коските и зглобовите да се одржуваат здрави и да може да се движат беспрекорно, треба да се погрижиме да конзумираме оптимални дневни количини од витамин Д и калциум. Млечните производи се богат извор на двата нутриенти.
Ако не можете да ги земате калциумот и витаминот Д од секојдневната исхрана, секогаш постојат суплементи. Но бидете сигурни дека суплементите содржат адекватна количина од двата нутриенти, за да може да се оптимизира апсорпцијата на калциум.
Останете активни и вклучете било каква активност која опфаќа било какво оптеретување на коските и зглобовите. Активности како подигање на тегови, одење или џогирање, помагаат коските да се бидат поцврсти.
Одржувањето и зацврстувањето на мускулите исто така помага, бидејќи тие можат да апсорбираат дел од стресот со кој ги оптоваруваме зглобовите. Дигањето на тежина гради силни мускули и силни коски.
Претераната тежина прави дополнителен притисок на зглобовите, па губењето на тежината може да го подобри целокупното здравје - се разбира доколку тежината ви е поголема од оптималната за вашата градба.
Извор: Herbalife. |