| Пет топли јадења кои може да ве оладат |
|
„Пиењето на вистинските течности и јадењето поголеми количини на свежо овошје и зеленчук може навистина да ви помогнат да се справите со високите температури“, вели Dr. Luigi Gratton, потпретседател за медицински работи во Herbalife. Gratton уште вели: „Не само што ваквата храна ќе помогне да се заменат течностите и минералуте кои се губат при потењето, но овошјето и зеленчукот исто така содржат антиоксиданси кои ќе помогнат да се заштити телото од штетното зрачење на сончевите зраци“. Следниот пат кога високите температури ќе влијаат на вас, еве неколку типови на јадења кои ќе ви помогнат да се чувствувате освежено: Диња – Ниту едно друго овошје не е покарактеристично за летниот период повеќе од лубеницата. Таа е одличен извор на калиум, но дињата содржи калиум скоро три пати повеќе од лубеницата. И својата портокалово-жолтеникава боја таа ја добива од бета-каротенот, кој е моќен антиоксидант. Зрнести овошја (малини, кабини, боровинки,...) – Премногу сонце? Слатките и вкусни зрнести овошја содржат природни состојќи кои имаат исто дејство како и аспирин – ги намалуваат воспалителните процеси, и може да помогнат да се намали болката (печењето) кога има изгореници од сонце. Тие се исто така добар извор на антиоксидантниот витамин Ц. Спанаќ – Листовите од спанаќ содржат доста вода и се инзвонреден извор на магнезиум. Дополнително, спанаќот својата зелена боја ја добива од лутеинот – антиоксидант кој помага за заштите на кожата и очите од изложеноста на сонце. Чили пиперчиња – Лута храна на топло време? Да, навистина! Овие лути пиперчиња полни со витамин Ц, го стимулираат потењето – при што со испарување на потта помага телото да се олади. Ако не сте љубител на чили пиперчиња, друга лута храна како лук или ѓумбир, ќе предизвикаат слични позитивни ефекти. Спортски пијалоци – Чистата вода е добра за надополнување на потрошената телесна течност, но ако и вежбате во услови на топлина и влага, спортските пијалоци може да се подобар избор. Тие помагаат да се надокнадат неопходните минерали и електролити и се специјално дизајнирани за да помогнат да се максимизира апсорпцијата ан течностите. Но, нивниот лесен и сладок вкус може да ве охрабри да испиете и малку поголема количина од нив. |
| ПОЧЕТОК |
| ШТО Е WELLNESS? |
| WELLNESS LIFESTYLE |
| HERBALIFE ИНФО |
| ПРОИЗВОДИ - КАТАЛОГ |
| КОЗМЕТИКА |
| ЦЕЛНИ ПРОГРАМИ |
| СПОРТСКА ИСХРАНА |
| ИСКУСТВА |
| ПРЕПОРАЧАЈ НЕ НА ПРИЈАТЕЛ |
| КОНТАКТ |
Биди редовно информиран за настаните и новостите од тимот на www.WellnessMk.com. Пријави се за да го добиваш нашиот бесплатен електронски весник. Излегува еднаш неделно.
Архива: #001, #002, #003, #004, #005, #006, #007, #008, #009, #010, #011, #012, #013, #014, #015, #016, #017, #018, #019, #020, #021, #022, #023, #024, #025

Контактирај го нашиот тим за бесплатен совет и препорака. Нашите wellness советници ти стојат на располагање со своето знаење и искуство. Кликни на банерите и започни разговор веднаш: