| Витамин Б6 |
|
Дневната потребна доза од овој витамин е 1,2 – 1,6 mg. За поголеми количини, потребна е консултација со медицинско лице. Една од најважните функции на витаминот Б6 е неговата способност за метаболизирање на хранливите состојки во енергија, особено на протеините. Без овој витамин, протеините не можат да се апсорбираат во организмот, па се исфрлаат како неискористени. Витаминот игра и важна улога во подигнување на имунитетот кај луѓето. Се користи при третман на ПМС кај жените. Неговиот недостаток во одреден дел од менструалниот циклус, предизвикува промени во расположението, иритабилност и болки во стомакот. Во овој период се препорачува храна богата со витамин Б6.Исто така, постојат и други истражувања кои покажуваат дека употребата на контрацептивни пилули го снижува нивото на Б6. Па кај жените кои користат контрацептивни пилули се препорачува витаминот да се внесува дополнително преку храна, но и преку други суплементи. Значи со еден збор, овој витамин помага при одржување на хормонална рамнотежа во организмот. Витаминот Б6 е неопходен и за здравјето на нервните клетки. Се користи кај третирање на нервози, стрес, проблеми со концентрација, умор и несоница, како и кај емотивни нарушувања. Помага и за одржување на здравјето на кожата. Терапевтски се користи кај различни проблеми: егзема, првут, акни, опаѓање на косата и сува кожа. Исто така помага и кај посериозни заболувања како псоријаза и меланом. Ги штитит срцето и белите дробови од различни заболувања и ги одржува во добра форма. Дел е од третманите за мултиплекс склероза, анемија, артритис и грип. Се препорачува и за намалување на тегобите кај трудниците. |

| ПОЧЕТОК |
| ШТО Е WELLNESS? |
| WELLNESS LIFESTYLE |
| HERBALIFE ИНФО |
| ПРОИЗВОДИ - КАТАЛОГ |
| КОЗМЕТИКА |
| ЦЕЛНИ ПРОГРАМИ |
| СПОРТСКА ИСХРАНА |
| ИСКУСТВА |
| ПРЕПОРАЧАЈ НЕ НА ПРИЈАТЕЛ |
| КОНТАКТ |
Контактирај го нашиот тим за бесплатен совет и препорака. Нашите wellness советници ти стојат на располагање со своето знаење и искуство. Кликни на банерите и започни разговор веднаш:
Биди редовно информиран за настаните и новостите од тимот на www.WellnessMk.com. Пријави се за да го добиваш нашиот бесплатен електронски весник. Излегува еднаш неделно.