| Енергетски пијалоци |
|
Содржат големи дози на кофеин и шеќер со други додатоци, како Б витамини, аминокиселини (таурин) и други легални хербални стимуланси како ефедрин, гуарана, ѓумбир, гинко билоба. Овие напитоци главно се наменети и се популарни кај младите од 18 до 35 години, а особено кај студентите. Енергетските напитоци имаат стимулативно дејство на мозокот, како и на целиот организам, и му даваат на телото голема енергија. Го зголемуваат срцевиот пулс и крвниот притисок. Привремено го отстрануваат чувството на умор и поспаност. Не смеат да се користат додека се спортува бидејќи при тоа се губат течности од телото како резултат на потење и во комбинција со диуретичното дејство на кофеинот, може да доведат до тешки дехидратации на организмот. Комбинацијата од енергетски напиток и алкохол може да е опасна по здравјето. Што се случува кога енергетските пијалоци се комбинираат со алкохол? Енергетските напитоци делуваат стимулативно, а алкохолот делува депресивно, па со нивното мешање се праќаат две сосема спротивни пораки до нервниот систем, како резултат на што може да се јават кардиоваскуларни или кардиопулмонални нарушувања (го зголемуваат ризикот за појава на проблеми со срцевиот ритам). Стимулативниот ефект на енергетските напитоци може да го маскира чувството на реалност за тоа колку алкохолот се конзумира, како и чувството на истоштеност кое вообичаено му дава сигнали на телото кога во него е внесена поголема количина на алкохол. Треба да се напомене дека енергетскиот напиток не ја менува концентрацијата на алкохолот во крвта. Како што е напоменато погоре во текстот, и алкохолот и кофеинот предизвикуваат губење на водата од телото, па затоа нивната комбинација ги засилува негативните ефекти од дехидратацијата. А секако, дехидрираниот организам има намалена способност за метаболизирање на алкохолот, со што ќе се зголеми токсичноста, како и мамурлакот во текот на следниот ден. |

| ПОЧЕТОК |
| ШТО Е WELLNESS? |
| WELLNESS LIFESTYLE |
| HERBALIFE ИНФО |
| ПРОИЗВОДИ - КАТАЛОГ |
| КОЗМЕТИКА |
| ЦЕЛНИ ПРОГРАМИ |
| СПОРТСКА ИСХРАНА |
| ИСКУСТВА |
| ПРЕПОРАЧАЈ НЕ НА ПРИЈАТЕЛ |
| КОНТАКТ |
Контактирај го нашиот тим за бесплатен совет и препорака. Нашите wellness советници ти стојат на располагање со своето знаење и искуство. Кликни на банерите и започни разговор веднаш:
Биди редовно информиран за настаните и новостите од тимот на www.WellnessMk.com. Пријави се за да го добиваш нашиот бесплатен електронски весник. Излегува еднаш неделно.