| Заштитете ја вашата кожа во летниот период |
|
За љубителите на сончевите денови, заштитата од сонце не секогаш претставува едноставна работа. Меѓутоа внимателно избраните препарати за заштита од сончевите зраци, заштитната облека и рационалното избирање на најповолните периоди во денот за извршување на секојдневните обврски дејствуваат долгорочно во правец на заштита од понатамошни оштетувања на кожата. Препарати за заштита од сонце Постои разлика меѓу препаратите за заштита од сонце со физичка и хемиска заштита. Препаратите со физичка заштита го блокираат навлегувањето на сончевите зраци во кожата и ги рефлектираат од нејзината површина. Цинк оксидот (бела кремаста супстанца) и титаниум диоксидот, како ефикасни средства за заштита од сонце се составен дел на овие средства. Предноста на средствата со физичка заштита е што вообичаено не предизвикуваат алергии на кожата. За недостаток се смета само што при размачкувањето оставаат бела трага на кожата. Средствата со хемиска заштита дејствуваат преку апсорпција на ув зраците и нивно делумно филтрирање. Овие средства треба да се избегнуваат кај децата и лицата со пречувствителна кожа, затоа што може да предизвикаат алергиска реакција. Хемиските состојки во овие средства имаат ограничен рок на траење и се разложуваат по неколку часа изложеност на сонце, па поради тоа потребно е да се нанесуваат повеќе пати, за да бидат ефикасни. Покрај телото, треба да се заштити и лицето и усните, кои пак се исклучително осетливи на сонце. Косата исто така, мора да се заштити од дејството на УВ зраците. Заштитете ја со шапка или со посебни препарати наменети за заштита на косата од сонце. Средствата за заштита треба да се нанесуваат најмалку половина час пред излегување на сонце, а потоа да се реаплицираат на секои 2-3 часа или по секое капење и бришење со крпа. Треба да се одберат средства со широк спектар на заштита од УВА и УВБ зраците. Нанесувањето се прави со подобел слој на кожата на сите изложени делови на телото, вклучувајќи ги и дланките и стапалата. Бидејќи лосионите за сончање и за заштита од сонце не можат да обезбедат 100% заштита, еве уште некои превентивни мерки за заштита:
|

| ПОЧЕТОК |
| ШТО Е WELLNESS? |
| WELLNESS LIFESTYLE |
| HERBALIFE ИНФО |
| ПРОИЗВОДИ - КАТАЛОГ |
| КОЗМЕТИКА |
| ЦЕЛНИ ПРОГРАМИ |
| СПОРТСКА ИСХРАНА |
| ИСКУСТВА |
| ПРЕПОРАЧАЈ НЕ НА ПРИЈАТЕЛ |
| КОНТАКТ |
Контактирај го нашиот тим за бесплатен совет и препорака. Нашите wellness советници ти стојат на располагање со своето знаење и искуство. Кликни на банерите и започни разговор веднаш:
Биди редовно информиран за настаните и новостите од тимот на www.WellnessMk.com. Пријави се за да го добиваш нашиот бесплатен електронски весник. Излегува еднаш неделно.