ПОЧЕТОК arrow WELLNESS LIFESTYLE arrow Колку знаеме за обновувањето на сопственото здравје?
Колку знаеме за обновувањето на сопственото здравје?

Пробувајќи да се прилагодиме на диктираните стандарди за убавина, често грижата за себе ја поистоветуваме со одржување на надворешната убавина, невнимавајќи при тоа на сопственото здравје. Младите жени денеска се почесто се среќаваат со анорексијата и болимијата, но овие пореметувања не се средиштето на проблемот, туку последица. Причините водат потекло и пред да се манифестира пореметувањето. На пример, императив за жените е да изгледаат помладо, а познато е дека мажите „добиваат на вредност“ со текот на годините. Освен што е потребно да изгледаат што е можно помладо, пожелно е да изгледаат и во склад со општествено поставените стандарди за убавина: млади, витки, високи, со порцелански тен... – како ретуширани фотографии од насловните страни на списанијата. Таков страшен притисок кој се отчитува во различните сегменти на околината, влијае на креирањето на сликата за сопственото тело.

Сите знаеме дека стресот влијае негативно на нашето здравје и знаеме да ги препознаеме причинителите кои го предизвикуваат. Но, најстресна за женското здравје е токму сликата за самата себе. Жените секој ден живеат со таа слика. Што се понесигурни, што помалку ја сакаат таа слика, толку таа е се поголем товар и поголем стрес. Таа слика делува на она што го купуваат, типот на храната што ја конзумираат, диетите што ги држат, причините зошто подлегнуваат на естетски зафати.

Во кои сегменти од нашиот живот може да направиме избор на активности кои ќе произведат поздрава и попозитивна слика за себе? Како дишеме е наш избор. Исто така и што пиеме, јадеме или правиме со себе и своето тело конкретно. Во зависност од секојдневните активности, стекнуваме слика за себе: се сакаме или не онакви какви што сме, стекнуваме лична сигурност или несигурност.

Исхраната и здравјето

Грижата за себе мора да појде од размислувањето за сопственото здравје и личните потреби. Исхраната е многу важна, но тоа никако не подразбира диета или изгладнување за да се постигне нешто. Тоа е измачување на организмот, а не пат кон здрав организам. Диетата е ловење на стандарди, каде целта е секогаш да се постигне некоја стандардна (пропишана) виткост. Наместо тоа треба да зборуваме за „индивидуална виткост“ – постигнување на состојба во која се чувствуваме добро, имаме доволно енергија, се грижиме за себе, се свртуваме кон себе си, а не кон ловење на некои надворешни, поставени стандарди. Често посегнуваме кон храна за да задоволиме некаква фрустрација. Тогаш храната е утеха. Вишокот на килограми тогаш се тежнее кон потреба телото да се заштити.

Кога зборуваме за храна, важно е да се каже дека вишокот на килограми често не се последица од количината на храна, туку од нејзиниот квалитет, начинот и времето на јадење. Денес на полиците во продавниците имаме производи со сомнителен квалитет: рафинирани производи, масти, бел шеќер, итн., кои претставуваат најголем проблем при одржувањето на здравјето. Значи, едно од најважните прашања кои мора лично да си ги поставиме е: Што јадеме? Затоа мора да се информираме што содржат производите кои ги јадеме.

Ова внимание треба да им го пренесеме и на сопствените деца. Мора да им бидеме пример.

Без разлика во која фаза од животот се наоѓаме, секоја од фазите бара одредено внимание. Секое животно доба носи со себе предизвици, а секогаш мораме да инсистираме на сопственото време, за да може да си го обновиме и чуваме сопственото здравје.

 

ЕЛЕКТРОНСКИ ВЕСНИК

Биди редовно информиран за настаните и новостите од тимот на www.WellnessMk.com. Пријави се за да го добиваш нашиот бесплатен електронски весник. Излегува еднаш неделно.

Последно издание

Email адреса:
* Внеси го кодот:

Архива: #001, #002, #003, #004, #005, #006, #007, #008, #009, #010, #011, #012, #013, #014, #015, #016, #017, #018, #019, #020, #021, #022, #023, #024, #025

  Add Site to Favorites
  Add Page to Favorites
  Make Homepage

Google
 
 
 
 
 

Контакт со wellness тренер

Контактирај го нашиот тим за бесплатен совет и препорака. Нашите wellness советници ти стојат на располагање со своето знаење и искуство. Кликни на банерите и започни разговор веднаш:

Соња Димитровска

Chat with me

Горан Димитровски

Chat with me