Печати

FIT CAMP - Вежбаме заедно, во сабота!

Напишано од Велнес Македонија. Posted in Без наслов

Покана до сите што го сакаат активниот начин на живот и се спремни да направат позитивна промена кај себе и своите најмили. 

Фит Камп е најзабавниот тренинг за топење на мастите, согорување на калориите  и правилно развивање на телото. Нашето мото е, многу потење, дружење, забава. 

Бесплатно вежбање - FIT CAMP во траење од 1 час, заедно со едукација за исхрана, забава, дружење, позитивна енергија и изненадување. 

Рекреацијата - редовната физичка активност е една од клучните здрави навики. Ве поддржуваме и во оваа промена и навика. 

Пријави се за вежбање тука-преку овој формулар. Ќе добиете ваучер за учество на оставената емаил адреса, кој е потребно да го земете со вас на FitCamp, и да ни го доставите на влез во салата. 

Продолжете со читање на написов за да ги дознаете деталите и препораките.

Вежбањето се одвива под надзор на спортисти-велнес тренери. Работиме клучни вежби за топење масти и формирање на правилна телесна композиција и фит изглед. Почнуваме со 5 минути разгибување и продолжуваме со 10 минути зумба предводени од Кате. Главниот дел се состои од 45 минутен кружен тренинг.

СТАНИЦИ

  • за стомачни мускули
  • изометриски вежби
  • скипови
  • истрчувања
  • склекови

Одлична атмосфера - одлична енергија - фантастично дружење. Вежбаме во салата на гимназијата Јосип Броз Тито, Скопје, со почеток во 15:00 часот. Поради голем интерес задолжително пријавете го вашето присуство преку овој линк со задолжително пријавување на формуларот.

Препораки за опрема за вежбање...

Ви препорачуваме да облечете лесна, комотна облека што ќе ви овозможи комоција во вежбањето!

  • Лесни обувки - патики.
  • Земете си вода или изотоничен напиток!
  • Пред вежбање (2 до 3 часа) не јадете обилни оброци, тоа може да ви предизвика непријатно чувство или мачнина.
  • Ако имате некакви здравствени проблеми  (проблем со колената, ’рбетот), ако имате срцеви тегоби, астма или спаѓате во некоја ризична група, консултирајте се со лекар пред да вежбате.
  • Кога вежбате внимавајте на правилно држење на тело (телото во рамнотежа, затегнати стомачни мускули, колената во правецот на стапалата) и на правилно дишење. Следете ги овие упатства и прилагодете го темпото и бројот на повторувања. 

ЗАДОЛЖИТЕЛНО ПОПОЛНЕТЕ ГО ОВОЈ ФОРМУЛАР И РЕЗЕРВИРАЈТЕ СИ БЕСПЛАТНО ВЕЖБАЊЕ ЗАЕДНО СО НАС.


Ѕирнете како беше на еден од претходните Fitcamp-ови :-)