ПОЧЕТОК
Грижа за вашата добросостојба и во зрелото доба

Кога станува збор за стареењето, нашите тела се менуваат и тоа влијае на нашите физички потреби и потребите за храна. Но тоа не значи дека треба да се откажете од квалитетна исхрана или да ги намалите своите активности. Напротив, сега може да имате повеќе слободно време. Значи сега е одличен момент да проверите што и како јадете и колку сте активни.

Почнете со производите на светски призната и позната нутриционистичка компанија. Тие ги содржат основните елементи на добрата исхрана со кои ќе ги надополните двоите оброци, а нивна цел е да го оптимизираат вашиот внес на хранливи материи. Со желба да ви помогнеме да си го подобрите начинот на живот, развиена е палета од производи за целна исхрана кои се наменети да се погрижат за вашите нутриционистички потреби без оглед на вашето животно доба.

Како што стареете, често главниот проблем е добрата пробава. За да си помогнете уште веднаш може да превземете неколку едноставни чекори: јадете по пет порции на овошје и зеленчук дневно и дајте предност на свежиот зеленчук или зеленчукот зготвен на пареа. Одберете намирници богати со влакна како интегрални житарици и пробајте да пиете по 2 литри вода дневно. Ако ви е тешко да испиете толку вода, пробајте на водата да и додадете концентрат на Алое Вера. Тој содржи гел на алое вера, кој природно помага за подобра пробава и самопрочистување на организмот.

Добросостојбата на срцето станува се поважна како што старееме. Никогаш не е прекасно да се внесат постапни промени во секојдневната исхрана и така да се одржи добрата состојба на срцето. Треба да се смали и количината на внесена сол, шеќери и заситени масти, а да се зголеми внесот на омега 3 масните киселини кои во главно ги има и во месото од риба и кои докажано помагаат во одржување на добра состојба на срцето.

Но заедно со подобрување на исхраната пробајте да ја интензивирате и физичката активност – не е важно колку години имате, па и колку и да мислите дека не сте во форма – никогаш не е доцна да се внесат промени во начинот на живот. А да се биде активен не е само вежбање, како трчање или посета на фитнес центар – тоа може да се и секојдневни активности како шетање, возење точак, работа во градина или качување по скали.

 

 

Спортски искуства

Искуства со тежина

  Add Site to Favorites
  Add Page to Favorites
  Make Homepage
 
 
 
 
 

Контакт со wellness тренер

Контактирај го нашиот тим за бесплатен совет и препорака. Нашите wellness советници ти стојат на располагање со своето знаење и искуство. Кликни на банерите и започни разговор веднаш:

Соња Димитровска

Chat with me

Горан Димитровски

Chat with me

ЕЛЕКТРОНСКИ ВЕСНИК

Биди редовно информиран за настаните и новостите од тимот на www.WellnessMk.com. Пријави се за да го добиваш нашиот бесплатен електронски весник. Излегува еднаш неделно.

Последно издание

Email адреса:
* Внеси го кодот: