ПОЧЕТОК
Совети за подобра кондиција

„Активност“, а не „вежбање“ за побрзо слабеење. Ако и самата помисла на вежбање ви создава непријатно чувство, тогаш е време да се размисли за следното: Што всушност значи да се биде активен?

Редовната физичка активност е еден од најдобрите начини за да се забрза слабеењето. Редовната физичка активност влијае и на подобрување на здравјето на многу начини: од намалување на ризикот од заболување од дегенеративни болести до подобрување на расположението.

Што всушност значи „вежбањето“ и како на лесен начин да се осигура дневната потреба за физичка активност, без при тоа да мора да одите на аеробик или во теретана?

Најнапред треба да се запрашате: Кое е моето ниво на активност?

Некои се ставаат во групата на спортисти - тренираат и се натпреваруваат редовно. Друга група се активни и во добра кондиција, уживаат лежерно во спортувањето во теретана, а можеби и во текот на неделата практикуваат тенис. Следната група на луѓе се оние кои не практикуваат ниту еден спорт, но се сепак активни во текот на денот: постојано трчаат по децата, возат велосипед или пешачат до работа.

Иако секој од нас знае што е добро за него, сепак многу луѓе и не сакаат да вежбаат. Стручњаците инсистираат сега да постои уште еден начин за одржување на кондиција: практикување на најмалку 30 минути „акумулирана“ физичка активност во текот на денот. Во оваа „акумулирана“ физичка активност би се вбројале: качување по скали, работа во двор (оние кои го имаат), работа низ дома, паркирање на автомобилот на пооддалечено место на паркингот и пешачење до местото каде треба да се стигне. Ваквите активности покрај редовното вежбање може да помогнат во губење на килограмите и намалување на ризикот од :

  • прерана смрт
  • срцеви болести
  • дијабетес
  • висок крвен притисок
  • подложност кон депресија и напнатост.

А помагаат при:

  • контрола на телесната тежина
  • изградба и одржување на коските, мускулите, зглобовите и рамнотежата
  • промовирање на физичката добросостојба
  • одржување на мускулна маса за која е докажано дека го поддржува целокупното функционирање на човековиот организам и долговечноста

Вистина е дека секоја физичка активност помага во одржување на мускулата маса, трошење на горивото и постигнување на поздрава телесна тежина. Губењето на вишокот на килограми и постигнувањето на низок процент на телесни масти не само што ја подобрува надворешната слика за нас и самопочитувањето, туку и долгорочно може да го заштити нашето добро здравје. А токму тоа е нешто поради кое треба да бидеме активни!

Автор: Heather Livingston, M.Sc. Member of Herbalife’s Advisory Board

 

 

Спортски искуства

Искуства со тежина

  Add Site to Favorites
  Add Page to Favorites
  Make Homepage
 
 
 
 
 

Контакт со wellness тренер

Контактирај го нашиот тим за бесплатен совет и препорака. Нашите wellness советници ти стојат на располагање со своето знаење и искуство. Кликни на банерите и започни разговор веднаш:

Соња Димитровска

Chat with me

Горан Димитровски

Chat with me

ЕЛЕКТРОНСКИ ВЕСНИК

Биди редовно информиран за настаните и новостите од тимот на www.WellnessMk.com. Пријави се за да го добиваш нашиот бесплатен електронски весник. Излегува еднаш неделно.

Последно издание

Email адреса:
* Внеси го кодот: