| Правилно јадење навечер |
|
Оставете ја устата да се одмориВеројатно некогаш ви е дадено до знаење дека јадењето доцна навечер е штетно. Но, нема убедлив научен доказ дека калориите кои се изедени навечер се варат поинаку отколку ако се изедат во било кој друг дел од деноноќието. Затоа, тежината не се добива само во текот на денот, туку се добива од целокупниот внес на калории во целина. Без разлика дали јадете наутро или на полноќ, сите вишок на калории се претвораат во масти. Неконтролирани напади на глад Од аспект на метаболизмот, нашите тела имаат најниска потреба од калории навечер. Но, во Америка на пример, се јаде повеќе за времена вечерата, отколку во било кој друг дел од денот. Една студија покажала дека учесниците во истражувањето, 42% од својата дневна потреба во калории ја конзумираат од вечерата па натаму. Но постојат причини зошто овие нездрави навики се толку чести. Некои луѓе не јадат доволно во текот на денот, а со тоа предизвикуваат нивото на шеќерот во крвта да им падне. Тоа доведува до потреба од прекумерно конзумирање на храна навечер. Некои луѓе на тој начин го надминуваат стресот, емоционален или предизвикан од било која друга причина или едноставно само досадата. Сите имаме тенденција несвесно, штом гледаме телевизија или работиме на компјутер да посегнуваме по брза храна или грицки. Тие содржат големи количини на шеќер или заситени масти кои придонесуваат за зголемување на тежината, несоница, проблеми со варење на храна или други посериозни здравствени проблеми. Соодветни ужиниДобрата вест е дека постојат соодветни алтернативи. Чувството за глад може ефективно да се потисне со оброци со висока количина на протеини, а малку калории. Пример е печената соја (солена), која е здрав меѓуоброк со висока хранлива вредност. Содржи протеини и има вкус кој задоволува, а богата е и со хранливи материи. Така следниот пат кога ќе се почувствувате потреба за јадење во текот на ноќта, размислете за придобивките од здрави оброци збогатени со протеини. Разликата во хранливата вредност ќе биде како ноќ и ден.
Напишано од Dr.Luigi Gratton, M.D., M.P.H.
За разговор и совет од нашите wellness советници, кликни тука и пријави се. Имате ексклузивна можност на ваков начин да добиете комплетна wellness анализа. |

| ПОЧЕТОК |
| ШТО Е WELLNESS? |
| WELLNESS LIFESTYLE |
| HERBALIFE ИНФО |
| ПРОИЗВОДИ - КАТАЛОГ |
| КОЗМЕТИКА |
| ЦЕЛНИ ПРОГРАМИ |
| СПОРТСКА ИСХРАНА |
| ИСКУСТВА |
| ПРЕПОРАЧАЈ НЕ НА ПРИЈАТЕЛ |
| КОНТАКТ |
Контактирај го нашиот тим за бесплатен совет и препорака. Нашите wellness советници ти стојат на располагање со своето знаење и искуство. Кликни на банерите и започни разговор веднаш:
Биди редовно информиран за настаните и новостите од тимот на www.WellnessMk.com. Пријави се за да го добиваш нашиот бесплатен електронски весник. Излегува еднаш неделно.