ПОЧЕТОК
Дали стресот ве поправа?

Здрав начин на исхрана може да ви помогне да се заштитите.

Во динамичниот начин на живот, каков што денес повеќето од нас го имаме, има премногу стрес – грижи околу работата, финансиите и од секојдневниот живот. Но, додека секојдневниот стрес може да не поттикне да се справиме со она на што наидуваме попатно, премногу стрес во подолг временски период, може да го земе својот данок и да се рефлектира на нашиот организам и надворешен изглед.

Стресот може да го нападне имуниот систем. Кога здрав имун систем зависи од исхрана богата со нутриенти, добрата нега е најдобрата одбрана против болести, посебно во текот на секојдневен стрес.

Истовремено, стресот може да доведе до умор и депресија. И кога тоа ќе се случи, се губат и здравите навики на јадење. Полесно е да се јаде нешто набрзина и лесно достапно. Но брзата храна и лесно достапната храна се полни со маснотии, сол и шеќер – а тоа не се нутриенти кои помагаат да одржувате здрав организам.

„Висококалоричната лесно достапна храна, ослободува одредени хемикалии во мозокот кои прават да се чувствуваме добро – и прават да посакаме да продолжиме со јадењето“, вели Luigi Gratton, M.D., и потпретседател за медицински работи во Herbalife. „ Но, тоа е магичен круг: прејадувањето води до зголемување на тежината – што го зголемува психолошкиот стрес кој, пак води до повеќе желба за јадење и прејадување. Дополнително, преголемата тежина предизвикува физички стрес на телото – што води до уште поголема тежина во пределот на половината со што се зголемува ризикот по здравјето. “

Ако добро се негувате себе си, вашето тело многу полесно ќе се бори со стресот со кој секојдневно се среќавате. Иако можеби нема да можете да направите стресот на исчезне, еве неколку совети како да се соочите со стресот:

  1. Јадете избалансирани оброци. Вклучете чисти протеини како пилешко месо, белки од јајце, млечни производи со ниска масленост, месо од кртина, риба и производи од соја – со секој оброк. Протеините ја задоволуваат гладта и ја подобруваат вашата ментална активност. Заокружете го секој оброк со свежо овошје или зеленчук. Протеинските шејкови се лесен начин да имате здрав оброк без дополнително внесување на непотребни калории.
  2. Јадете на време и не прескокнувајте оброци. Кога сте под стрес, лесно е да ги одложите оброците па дури и да ги прескокнете – но како резултат ќе имате помало ниво на енергија во текот на денот. Ако стресот го убива апетитот, пробајте да јадете помала количина на храна, а почесто.
  3. Избегнете да создавате ситуација, да со јадење го намалувате стресот. Кратка прошетка или чаша растителен чај, може да помогнат да ја надминете ситуацијата. Ако осетите потреба за јадење, пробајде да јадете потврда, крцкава храна, која е потребно повеќе да се џвака. Така да ќе им овозможите на мускулите на вилицата да работат повеќе од вообичаено. Пробајте со јадење на рака бадеми, зрна од соја или млади моркови.
  4. Времето за јадење направете да ви биде пријатно. Тоа време нека биде надвор од она кое е исполнето со стрес – не јадете на биро или не плаќајте сметки додека вечерате. Земете малку дополнително време да го забавите дневното темпо и да се релаксирате додека јадете. Најверојатно ќе јадете помалку, а ќе уживате повеќе.

Извор: Herbalife Ltd.

 

 

Спортски искуства

Искуства со тежина

  Add Site to Favorites
  Add Page to Favorites
  Make Homepage
 
 
 
 
 

Контакт со wellness тренер

Контактирај го нашиот тим за бесплатен совет и препорака. Нашите wellness советници ти стојат на располагање со своето знаење и искуство. Кликни на банерите и започни разговор веднаш:

Соња Димитровска

Chat with me

Горан Димитровски

Chat with me

ЕЛЕКТРОНСКИ ВЕСНИК

Биди редовно информиран за настаните и новостите од тимот на www.WellnessMk.com. Пријави се за да го добиваш нашиот бесплатен електронски весник. Излегува еднаш неделно.

Последно издание

Email адреса:
* Внеси го кодот: