ПОЧЕТОК
Зошто да не ја избегнувате бананата во секојдневната исхрана?

Никогаш не ги ставајте бананите во фрижидер! Ова е интересно. Откако ова ќе го прочитате, вашето размислување за бананите никогаш нема да биде исто!

Бананите содржат три природни шеќери – сахароза, фруктоза и глукоза, во комбинација со растителни влакна. Бананата дава моментални, крепки и хранливи количини на енергија.

Истражувањата покажале дека конзумирањето на само две банани дневно, осигурува енергија доволна за 90-минутна напорна физичка активност. Значи, воопшто не е чудно што светски познатите атлетичари бананата ја сметаат за врвно овошје. Но, енергијата не е единствената работа што ја даваат бананите.

Бананите ни помагаат да останеме во добра форма. Може да ни помогнат во надминување или спречување на значителен број болести и состојби, станувајќи на таков начин, составен дел од нашите дневни навики во исхраната.

ДЕПРЕСИЈА:
Според неодамнешните истражувања спроведени меѓу луѓето кои патат од депресија, многу од нив се чувствувале подобро откако изеле банана. Бананата содржи триптофан, вид беловини кои телото ги претвора во серотонин, познат по тоа што ни дава чувство на опуштеност, подобрено расположение и чувство на среќа.

ПМС:
Заборавете на апчињата и изедете банана. Витаминот B6 кој се наѓа во бананата го регулира нивото на гликоза во крвта, која влијае на нашето расположение.

АНЕМИЈА:
Бананата е богата со железо и може да го поттикне создавањето на хемоглобин во крвта и така да помогне кај некои случаи на анемија.

КРВЕН ПРИТИСОК:
Ова е единственото тропско овошје кое е изразито богато со калиум, а содржи малку соли, што како овошје го прави совршено кај проблемите со крвен притисок. Бананата има способност за намалување на ризикот на зголемен крвен притисок и мозочен удар.

МОЗОК:
Двеста ученици на еден универзитет во Америка, како учесници во еден експеримент, за помош во период на испитната сесија, земале банана за доручек, на паузата и после ручекот, за да ја подобрат способноста на работа на мозокот. Истражувањата кои се направени, покажале дека ова овошје, богато со калиум, може да им помогне на учениците да бидат посконцентрирани.

ОПСТИПАЦИЈА:
Бананата содржи растителни влакна, кои, кога ќе ги вклучиме во исхраната, ни помагаат да воспоставиме нормална функција на столицата, како и надминување на тој проблем без употреба на лаксативи.

ЖГАРАВИЦА (КИСЕЛИНА):
Бананата има природно дејство против киселините во телото, па ако патите од жгаравица, пробајте да изедете банана заради олеснување на симптомите.

УТРИНСКА МАЧНИНА:
Земањето на банани помеѓу оброците помага во одржување на нивото на шеќер во крвта, а со тоа и избегнување на утринската мачнина.

ГОЈАЗНОСТ:
Имате прекумерна тежина, а одите на работа? Истражувањата спроведени на институтот за психологија во Австрија покажале дека, притисокот на работното место води до пренатрупување со чоколади и грицки. При посматрањето на 5000 болнички пациенти истражувачите заклучиле дека најдебелите пациенти работеле на работни места на кои биле изложени на голем притисок. Извештајот дава заклучок: за да ја избегнеме желбата за пренатрупување со благо, треба да го контролираме нивото на шеќер во крвта, така да на секои два часа ќе земаме храна која е богата со јаглехидрати. А во бананата ги има во доволна количина.

ЧИР:
Бананата се користи како храна кога има пореметување на работата на цревата, поради мекиот состав и глаткоста. Таа е единственото сирово овошје кое може да се зема без последица кај хроничните заболувања. Ја неутрализира прејаката киселина и ја намалува раздразливоста обложувајќи ја внатрешноста на желудникот.

КОНТРОЛА НА ТЕЛЕСНАТА ТЕМПЕРАТУРА:
Многу култури во светот, бананата ја сметаат за овошје кое „лади“ и кое може да ја намали физичката и емоционалната температура кај трудниците. Во Тајланд, на пример, трудниците постојано јадат банани, за да се осигураат дека детето ќе се роди со пониска телесна температура.

СТРЕС:
Калиумот е витален минерал кој помага во нормализирање на срцевите отчукувања, го праќа кислородот во мозокот и ја регулира количината на вода во телото. Кога сме под стрес, метаболизмот ни се забрзува и се намалува нивото на калиум. А рамнотежата може да ја вратиме назад низ залак богат со калиум – банани!

СРЦЕВ И МОЗОЧЕН УДАР:
Според истражувањата објавени во New England Journal of Medicine, внесувањето на бананите во секојдневната исхрана, го намалува ризикот од настанување на удари за скоро 40%.

Факти: Бананата е навистина природен еликсир. Ако ја споредувате со јаболката, има четири пати повеќе белковини, двапати повеќе јаглехидрати, три пати повеќе фосфор, пет пати повеќе витамин А и железо, и двоструко повеќе од останатите витамини и минерали. Богата е со калиум и е едно од највкусните видови овошје.

 

 

Спортски искуства

Искуства со тежина

  Add Site to Favorites
  Add Page to Favorites
  Make Homepage
 
 
 
 
 

Контакт со wellness тренер

Контактирај го нашиот тим за бесплатен совет и препорака. Нашите wellness советници ти стојат на располагање со своето знаење и искуство. Кликни на банерите и започни разговор веднаш:

Соња Димитровска

Chat with me

Горан Димитровски

Chat with me

ЕЛЕКТРОНСКИ ВЕСНИК

Биди редовно информиран за настаните и новостите од тимот на www.WellnessMk.com. Пријави се за да го добиваш нашиот бесплатен електронски весник. Излегува еднаш неделно.

Последно издание

Email адреса:
* Внеси го кодот: