ПОЧЕТОК arrow WELLNESS LIFESTYLE arrow Дали уживате во готвењето дома?
Дали уживате во готвењето дома?

Пред само 50-тина години нашата храна била поприродна. Немало микробранови печки, готови јадења, ланци ресторани за брза храна.

Готвењето дома било своевиден стандард. Се правеле јадења од сезонски намирници, природни, органски и свежо приготвени. Било помалку комплицирано да се јаде. Луѓето не биле постојано бомбардирани од истражувања поврзани со храната која ја јадат. Не морале да се плашат од тоа што би требало да јадат, а што не.

За разлика од ова помислете колку често седнувате на маса, погледнувате во чинијата и помислувате: „Треба да јадам повеќе зеленчук“, или „ова содржи премногу маснотии, калории, јаглехидрати“?

Мислите дека вашата баба ја мачеле вакви мисли? Сигурно не! Во нивно време храната била наменета за јадење, а не за анализирање.

До кој степен се променети нашите навики во исхраната во последниве 50 години?

Станавме зависни од практична храна! Како? Едноставно:

  • Готови оброци подгреани во микробранова печка, кои се готови за една минута.
  • Смрзнати јадења кои треба само да се подгреат.
  • Послужување во нашите омилени ресторани.
  • Секогаш најлесната опција – доставена храна до дома, топла и спремна да ја изедеме.

 

Заради подолгорочна лична добросостојба, време е да се вратиме на основите, да се откажеме од практичната храна и да уживаме во поприроден и здрав начин на исхрана. А најдобар начин да научиме здраво да јадеме е да научиме да готвиме. Се работи за корисно хоби кое може да ви го продолжи животот за неколку години. Ќе откриете како се комбинираат намирници, како да направите прекрасни вкусови и ќе поминете време во опуштање и дружење со семејството и пријателите и со добра, домашно зготвена храна.

 
Се почнува со добри рецептиНема потреба да купувате многу скапи книги – посетете ја најблиската книжара, побарајте рецепти за здрава храна на интернет или замолете ги најблиските од семејството да ви ги откријат нивните најдраги рецепти. Ако ви нестасуваат искуство и самодоверба во готвењето, и ако ви е потребна помош, запишете се на курс за готвење или некоја работилница – нема да бидете сами! И на телевизија секојдневно има барем една емисија посветена на готвењето, која можеби е поврзана и со веб страница од која можете да соберете рецепти.

За на својот организам да му овозможите најдобра можна исхрана, одберете рецепти со некои од следните состојки:

  • Свежо овошје, салата, зеленчук (по можност сезонско или органско) зашто тие содржат обилни количини здрави диетални влакна и есенцијални нутриенти.
  • Вкусни интегрални јаглехидрати: жолт или див ориз, хељда, булгур, просо и интегрални тестенини.
  • Немасно месо по можност да е органско производство: пилешко, мисиркино и дивеч, содржат најмалку маснотии.
  • Свежа риба: инчуни, сом, лист, кољак (вид бакалар), харинга, скуша, ципал, гргеч, коља, сардела, лосос, лигњи, тилапија, пастрмка, белвица.
  • Школки, ракови и љускари: најздрави се морските школки (кои можат да се јадат), рак, поточен рак, каменици, капици, козици и шкампи.

Неколку корисни совети:

  • За да ги сочувате хранливите материи, одберете едноставни рецепти кај кои е потребно најмалку припрема и готвење.
  • Купувајте сезонски намирници, поефтино е и поголема е веројатноста да е одгледано во нашиот крај.
  • Замолете ги вашата мајка или баба да ве научат на традиционалното готвење и да ви откријат некои свои постари рецепти.

Фактори кои влијаат на количината на хранливи материи во намирниците:

  • Храната повеќе спремајте ја на скара, во рерна или обарете ја – длабоката маснотија и пржењето во тава се најмалку здрави начини на готвење.
  • Наместо маргарин, маслац и маст, користете масло од репка или маслиново масло.
  • Бидете внимателни со сосовите, бидејќи се најчесто полни со маснотии, соли и шеќер.
  • Намалете ја количината на сол и наместо неа користете многу свежи зачински билки – многу е поздраво, а и на храната и дава убав вкус.
  • Лебот е добар во умерени количини, одлучете се за здрав интегрален леб од зобено или ‘ржано брашно.
 

Разновидноста на намирниците во секојдневната исхрана ја зголемува веројатноста да ги задоволите потребите на вашиот организам за хранливи материи, а и оброците се многу повкусни:

Кога ќе изберете добар рецепт, треба да купите и состојки. Ако е тоа можно, станете редовен купувач на локалниот пазар или во локалната месара. Супермаркетите се практични, но повеќе информации околу храната ќе имате ако ги запознаете локалните продавачи. Ако и залутате во супермаркет, избегнувајте го одделот со готова храна!!!

Земете си доволно време да уживате во процесот на припремање на храната и готвење. Најдете си свој простор во кујната и станете креативни – ќе го откриете терапевтското дејство на припремање на храната. Да не го спомнуваме и задоволството да целото семејство го соберете на маса, да поминете одредено време заедно и заедно да уживате во она што сте го приготвиле.

И за крај, ако сепак ви недостасува одењето во ресторан, вреди да се потсетите дека тогаш кога вие готвите, точно знаете што јадете и колку намирниците кои сте ги употребиле се свежи и здрави. Парите кои ќе ги заштедите со неодење во ресторан може да ги искоростите за купување на поквалитетни намирници за вашето ново хоби – ГОТВЕЊЕ!!!

 

 

  Add Site to Favorites
  Add Page to Favorites
  Make Homepage
 
 
 
 
 

Контакт со wellness тренер

Контактирај го нашиот тим за бесплатен совет и препорака. Нашите wellness советници ти стојат на располагање со своето знаење и искуство. Кликни на банерите и започни разговор веднаш:

Соња Димитровска

Chat with me

Горан Димитровски

Chat with me

ЕЛЕКТРОНСКИ ВЕСНИК

Биди редовно информиран за настаните и новостите од тимот на www.WellnessMk.com. Пријави се за да го добиваш нашиот бесплатен електронски весник. Излегува еднаш неделно.

Последно издание

Email адреса:
* Внеси го кодот: