ПОЧЕТОК arrow WELLNESS LIFESTYLE arrow Хормони - функција и влијанија
Хормони - функција и влијанија

Главната функција на ендокрините жлезди е секреција на хормони директно во крвотокот. Хормоните се хемиски супстанци кои влијаат вррз функционирањето на целиот организам. Во суштина тие се еден вид пренесувачи на информации кои ги контролираат и координираат активностите низ целото тело.

Хормоните се неопходни за контролирање на работата на сите органи и процеси како растот, развојот, репродукцијата и сексуалните карактеристики. Хормоните исто така влијаат и врз начинот на кој телото ја користи и складира енергијата и врз количината и нивото на хранливи состојки во крвотокот.

Интересно е дека сосема мали количини на некој хормон, може да предизвикаат многу силен одговор на одредени делови од телото. Иако постојано циркулираат во крвотокот, сеој хормон има точно одредени органи и ткива врз кои ја извршува својата функција.

Хормоните и метаболизмот

Зошто доаѓа до нарушување на хормоналната рамнотежа во телото и како тоа влијае врз способноста на организмот да ја одржи здравата телесна тежина?

Ендокриниот систем реагира на се она што го внесуваме во организмот, промените во него, како и на надворешни влијанија. Во текот на целиот ден, нашето тело е изложено на најразлични променливи влијанија – циклусот на денот и ноќта, изборот на храна, интензитетот на физичка активност. На сите овие влијанија, ендокриниот систем реагира преку ослободување на хормони кои помагаат да се одржи рамнотежата на бројни процеси како ниво на шеќер во крвта, потребата за сон, согорувањето на мастите, создавањето ан мускуната маса.

Проблеми во работата на ендокриниот систам настануваат кога има секојдневна изложеност на организмот на штетни надворешни влијанија: загадување на воздухот, пестициди, процесиранан храна богата со штетни адитиви, недостаток на квалитетен сон. За да се компензира негативното влијание на овие фактори, ендокриниот систем почнува да лачи хормони со поинаков интензитет од нормално.

Додека едни хормони се лачат во поголеми количини, создавањето на други може да престане. Големите варијации во нивото на хормони во телото предизвикуваат ослабување на природните регулаторни организми. Ендокриниот систем почнува да се однесува хаотично и престанува да реагира на природниот начин како што се очекува. Може да дојде до појава на хипотироидизам, дијабетес или телото да стане резистентно на лептин (хормон кој ја регулира потрошувачката на енергија и апетитот). Резултат е нарушување на нормалната телесна тежина. Покрај варирањето на телесната тежина, нарушената работа на ендокриниот систем може да резултира и со други последици по здравствената состојба:

  • Промени во менструалниот циклус
  • Неплодност кај двата пола
  • Проблеми со спиењето
  • Нерамнотежа на метаболизмот
  • Проблематична кожа
  • Зголемена влакнетост или опаѓање на косата.

Но, постои и добра вест кога се работи за нарушена хормонална рамнотежа: може да се влијае таа да се врати во нормални граници.

Пред се потребно е од телото да се отстранат токсините кои се наталожени, па потоа преку храната да се внесат сите неопходни нутриенти, за да се стабилизира функцијата на метаболизмот и да се поврати балансот на организмот.

 

 

  Add Site to Favorites
  Add Page to Favorites
  Make Homepage
 
 
 
 
 

Контакт со wellness тренер

Контактирај го нашиот тим за бесплатен совет и препорака. Нашите wellness советници ти стојат на располагање со своето знаење и искуство. Кликни на банерите и започни разговор веднаш:

Соња Димитровска

Chat with me

Горан Димитровски

Chat with me

ЕЛЕКТРОНСКИ ВЕСНИК

Биди редовно информиран за настаните и новостите од тимот на www.WellnessMk.com. Пријави се за да го добиваш нашиот бесплатен електронски весник. Излегува еднаш неделно.

Последно издание

Email адреса:
* Внеси го кодот: