WELLNESS LIFESTYLE
ПРАВИЛЕН ПОЈАДОК | ПРАВИЛЕН ПОЈАДОК |
|
Дали некогаш сте се запрашале каде почнува лошата/неправилна исхрана? Разбирливо е дека поради се подинамичниот секојдневен живот и обврските кои тој ги наметнува, се потешко е да се посветиме на здравиот и правилен начин на исхрана и редовните оброци. Затоа е важно да се обидете да имате здрав и квалитетен појадок, кој ќе ви даде доволно енергија за целиот ден. Лошата и неправилна исхрана започнува секој ден штом ќе станеме. Тоа значи дека уште утре наутро, штом ќе станеме, можеме да започнеме да ги поправаме грешките од неправилната исхрана.
Нашето тело е составено од 100 трилиони клетки, на кои секојдневно им се потребни нешто повеќе од 100 различни хранливи материи (нутриенти). Правилниот појадок и редовното пиење на минимум 2 литри вода дневно се потребни заради:
Се што претходниот ден сме внеле во организмот (храна и течности-вода), е потрошено во текот на претходниот ден и ноќта. Како? Еве што се случува:
А што ние вообичаено му даваме на телото наутро?
Прости јаглехидрати (најчесто шеќери) или ништо!
Дали знаете дека ако на телото му давате шеќери повеќе отколку што му се потребни, тогаш тоа вишокот на шеќерите ќе ги претвори во масти? Што потоа?
Штом овој процес заврши, нивото на шеќер во крвта е ниско, на телото, а посебно на мозокот, му недостасува шеќер за правилно да функционира. Затоа посегнуваме по „брза енергија“, која повторно ја наоѓаме во благо, месено, тестенини, итн. Енергијата ни е на ниско ниво, концентрацијата е намалена и имаме потреба за спиење. А кога ќе станеме, процесот се повторува. Тогаш најчесто посегнуваме по благо, по кафе, за да ни го покачат шеќерот и да може да си дојдеме на себе. Овој циклус се повторува повеќе пати во текот на денот. Значи мастите во крвта не ги таложиме наеднаш ако изедеме поголема количина на храна, туку малку по малку, во текот на целиот ден, незабележително. Истото се случува и ако наутро воопшто не појадуваме.
За еден појадок да се смета за правилен треба да исполнува четири критериуми:
За да се обезбеди рехидрација, штом ќе станете, пробајте веднаш да испиете две големи чаши вода (околу 500 милилитри). Останатата потребна количина на вода, за правилно функционирање на вашето тело и прочистување на вашите органи од токсините и отпадните материи, надополнете ја постепено до крајот на денот. |

| ПОЧЕТОК |
| ШТО Е WELLNESS? |
| WELLNESS LIFESTYLE |
| HERBALIFE ИНФО |
| ПРОИЗВОДИ - КАТАЛОГ |
| КОЗМЕТИКА |
| ЦЕЛНИ ПРОГРАМИ |
| СПОРТСКА ИСХРАНА |
| ИСКУСТВА |
| ПРЕПОРАЧАЈ НЕ НА ПРИЈАТЕЛ |
| КОНТАКТ |
Контактирај го нашиот тим за бесплатен совет и препорака. Нашите wellness советници ти стојат на располагање со своето знаење и искуство. Кликни на банерите и започни разговор веднаш:
Биди редовно информиран за настаните и новостите од тимот на www.WellnessMk.com. Пријави се за да го добиваш нашиот бесплатен електронски весник. Излегува еднаш неделно.