 Енергенс, термогенетик, елиминатор на салото Thermojetics е инстант напиток направен од 54 видови тревки и лековити билки од кинеско потекло, богати со антиоксиданси, замислен да биде алтернатива на традиционалното кафе и чај. Ваквиот избор на билки има брзо дејство: orange pekoe, кардамон, слез, хибискус, екстракт од зелен чај заедно со природен кофеиснки прав. Зелениот чај содржи полифенолен антиоксиданс епигалактекин - галат кој според истражувањата го спречува оштетувањето на клетката. Се препорачува при напорна умствена или физичка работа, при спортување, при појава на премаленост, при напорни и долги патувања и како дел од програмата за намалување на зголемената телесна тежина. |
|
...прочитај повеќе
|
|
|
Антиоксидансите за нашиот организам се оружје во борбата со различни заболувања. Тие се одбрамбена линија и сигурност против видливите последици од стареењето.
Тие се супстанции кои ја намалуваат, неутрализираат и спречуваат штетата која слободните радикали му ја нанесуваат на телото. Постојат различни антиоксиданси кои им пропаѓаат на различни видови на соединенија. |
|
...прочитај повеќе
|
|
|
Крвниот притисок е притисок кој крвта го врши врз артериите под дејство на работата на срцето.
Артериите се крвни садови кои ја носат крвта од срцето кон периферијата.
Срцето работи, односно пумпа, со наизменични контракции и релаксации на срцевиот мускул. При контаракцијата на срцето, крвта врши поголем притисок врз ѕидовите на артериите, отколку при релаксација. Затоа првиот се нарекува висок, а вториот низок притисок.
При мерење на крвниот притисок секогаш се отчитуваат двете вредности на притисокот. |
|
...прочитај повеќе
|
|
|
Лебот отсекогаш бил нераздвојна компонента од исхраната на нашиве простори. Тој е еден од најкорисните продукти за нашето здравје, бидејќи е богат со хранливи состојки за правилно функциониранје на организмот. Затоа лебот треба да биде дел од сеkоја здрава исхрана. Но, неговата хранлива вредност и неговиот квалитет зависат од неговиот состав, а пред се од видот и типот на брашното кое се користи.
Од поодамна е познато дека белиот леб направен од рафинирано брашно, не ги задоволува критериумите на квалитетна исхрана. Нутриционистите секогаш нагласуваат дека треба да се јаде леб направен од интегрално брашно, со цели житни зрна, со малку сол во него и без адитиви. |
|
...прочитај повеќе
|
|
|
Калории: 80 (средна големина)
Јаглехидрати: 21g
Протеини: 0.3g
Влакна: 3.7g
Клучни нутриенти: Flavonol Quercertin, кој има признати антивоспалителни својства, бетакаротен, фолна киселина, калциум, магнезиум, калиум и сулфур. |
|
...прочитај повеќе
|
|
|
Плажата веќе одамна не е место на кое треба да се „пржите“ на сонце. Морската вода може да се користи за ефикасна масажа, песокот е одличен педикир, морскиот воздух ги прочистува дишните патишта, а топлината на сончевите зраци може за кратко време да ја елиминира болката.
Морската вода содржи цела палета од состојки корисни за кожата и организмот. Доволно е да се погледнете во огледало по само еден ден поминат на плажа и веднаш ќе ги забележите разликите, кожата изгледа поцврсто, а тенот е поубав. Одморот на море им годи на сите доколку се практикува умерена изложеност и при тоа се користи правилна заштита. |
|
...прочитај повеќе
|
|
|
Кога вашето тело би можело да зборува, би ве замолило да јадете повеѓе „сончева храна“!
Се што растело на отворено и се што може да го јадете свежо, ќе биде богат извор на витамини и минерали – сето тоа благодарејќи на енергијата на сонцето! Затоа својата чинија слободно наполнете ја со разнобојни салати, свежо овошје и зеленчук. Тие намирници се богати со хранливи материи, а нема да го оптоварат вашиот дигестивен систем и нема да ви ја намалат енергијата додека сте под влијание на високите температури, посебно ако за време на летувањето сте активни. |
|
...прочитај повеќе
|
|
|
Јагодите се се повеќе дел од новите светски научни истражувања, поврзани со здрајето на луѓето. Една од причините е шти јагодите се сметаат за едно од овошјата што имаат силни антиоксидантни својства. Бројните придобивки за здравјето произлегуваат од богатата хранлива вредност и комбинацијата од хранливи состојки во јагодите.
Јагодите содржат низок процент на јаглехидрати – само 8 грама во една порција. Изобилуваат со есенцијални витамини, растителни влакна, калиум. Одличен извор се на витамин Ц. Околу 8 јагоди со средна големина, задоволуваат 140 проценти од дневните потреби за овој витамин кај луќето. Фолатите кои се присутни кај јагодите, се од голема важност за спречување на малформации кај ‘рбетниот мозок на ембрионите. Во истражување на Американскиот центар за нутриционизам е докажано дека моќните антиоксидантни и антивоспалителни состојки на јагодите, помагаат да се ослабнат или спречат менталните функции во процесот на страеење кај луѓето.
Содржат анти-канцерогени соединенија, вклучително витамин Ц и фолатите, антоцијанини и кверцетин. Нови студии направени во Америка и Канада, укажуваат на позитивното влијание на јагодите на намалување на високиот крвен притисок, лошиот холестерол и инфламаторните фактори кои предизвикуваат болести на срцето. |
|
|
Добрите масти кои прирдно се наоѓаат во јаткастите плодови, авокадото и маслиновото масло, спаѓаат во најдобрите масти кои може да ги конзумирате.
Морската риба исто така содржи добри масти, кои може да помогнат во одржување на добросотојбата на срцето, ако се јадат три до пет пати во неделата во рамките на урамнотежената исхрана.
Корисно е да се ограничи употребата на масти како зејтин, маслац, маргарин,мајонез и храна богата со масти како што се преливите за салата. Неколку јаткасти плодови или неколку резанки авокадо може доволно да го збогатат вкусот на зеленчукот или салатата, а содржат помалку масти од било кои преливи или сосови за салата.
- Добрите масти се потребни за нормален развој и функционирање на мозокот
- Недостатокот на есенцијални масни киселини може да доведе до намалување на способноста за учење и користење на информации.
|
|
|
Правилен појадок - комплетен избалансиран оброк што ги содржи сите витални 114 хранливи материи. Тој треба да обезбеди:
1. рехидрација – испијте најмалку 500 ml. вода. Во текот на ноќта сте изгубиле минимум 1 литар вода за дишење, за перспирација, и наутро штом ќе станете;
2. обнова на енергијата – правилниот појадок содржи хранливи состојки (енергенси) што обезбедуваат одржлива енергија за новиот ден; не ви се приспива кога ќе го изедете и сити сте најмалку 3 часа;
3. витални нутриенти - „градежен материјал“ за создавање нови клетки и за обновување на ткивата, што му овозможува на телото цел ден да функционира како што треба, и тоа најдобро што може;
4. стабилно ниво на шеќерот во крвта – со правилен појадок шеќерот во крвта е стабилен преку целиот ден; затоа не доаѓа до зголемено лачење инсулин, не се создаваат масни наслаги и не се губи здрава мускулна маса.
Кога појадокот ги задоволува сите овие критериуми, вашето тело функционира најдобро што може, одржувате здрава телесна тежина, а телото ја користи енергијата депонирана во масните наслаги, со што се спречува непотребното и опасно губење здрава мускулна маса.
За дополнителни информации и препораки во врска со исхраната и со здравите животни навики консултирајте се со нашите wellness советници преку овој контакт формулар или на наведените телефони. |
|
|