Јаболка PDF Печати Е-пошта
ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК
Петок, 04 Февруари 2011 23:05

Калории: 80 (средна големина)
Јаглехидрати: 21g
Протеини: 0.3g
Влакна: 3.7g

Клучни нутриенти: Flavonol Quercertin, кој има признати антивоспалителни својства, бетакаротен, фолна киселина, калциум, магнезиум, калиум и сулфур.

Факти и корисни совети:

  • Дали знаете дека во светот постојат повеќе од 7000 видови на јаболки?
  • Измијте ја пред јадење, за да ги отстраните сите хемикалии.
  • Најхранлива е кога се јаде свежа, со кора, која содржи најмногу билни влакна.
  • Како состојка за салата, кога ќе ја исецкате на парчиња, попрскајте ја со сок од лимон за да не потемни.
  • Зрелите свежи јаболки може да се користат како лаксатив, а незрелите сварени јаболки имаат спротивно својство (средство против дијареа).

Чување:

  • Ставете ги во пластична ќеса со можност за струење на воздухот.

Како повеќе да го користите ова овошје?

  • Насецкајте ја и додадете ја на житариците и зобената каша за појадок, на овошните и пикантните салати. Извонредни се како зготвени или печени, во пецива, во овошни пити или колачи. Пробајте пире од јаболка како додаток на свинско месо, или сенвич со јаболка и сирење.
  • Јаболката помага во варење на вишокот на протеини и масни киселини.
  • Додадете исецкана јаболка кога готвите црвена или зелена зелка за да се смали надуваноста која зелката ја предизвикува.
  • Поретко ќе го посетувате личниот лекар ако секојдневно јадете овошје... особено ако се во прашање јаболки!

Не заборавајте дека јаболката е диететски производ за контрола на тежината, како и Formula 1 производот кој е направен според модерната прехрамбена технологија, а истиот е посебно осмислен за да содржи единствена мешавина на состојки со протеини од највисок квалитет, јаглехидрати, витамини, минерали, растителни влакна и лековити билки.

 

Контакт со нас:

Ви недостасуваат информации за да почнете соработка со нас и да направите сопствена промена - свој сопствен резултат?
Имате желба да ја намалите тежината, да ја зголемите, да го подобрите својот имунитет, да се исхранувате правилно во денови кога вежбате и не вежбате ?
Сакате да научите како едноставно, лесно и практично здраво да се храните а притоа да го подобрите сопственото здравје и да ја одржувате својата виталност, форма и енергија ?

Веднаш поставете прашање и поразговарајте со нашиот тим. Ние сме подготвени да ви помогнеме и заеднички да го постигнеме Вашиот успех.

Кликнете на ова копче и разговарајте во живо преку Skype:
My status
или контактирајте не преку телефон или email

+389 78 246801, +389 78 246811
dimtrovski@wellnessmk.com

ДОБИВАЈ е-ВЕСНИК

Редовно освежувај се нови информации за здрав и правилен начин на исхрана.Пријави се за да го добиваш нашиот бесплатен email информатор.