| Витамин Б1 – за здрав нервен, дигестивен и кардиоваскуларен систем |
|
|
|
| НУТРИЕНТИ |
| Петок, 04 Февруари 2011 23:07 |
|
Не се складира во телото и затоа е потребно секојдневно да се внесува со храната. Најдобри извори на витамин Б1 се: интегралните житарици и месото, особено црниот дроб. Исто така го има во пченичните ‘ркулци, интегралниот ориз и секако во овошјето и зеленчукот: спанаќ, печурки, зелена салата, аспарагус, грашок, сончогледово семе и домати. Недостатокот на витамин Б1 може да предизвика различни симптоми, вклучувајќи летаргија, иритабилност, слаба меморија, недостаток на апетит и здрав сон, лошо варење н ахраната и пречувствителност на слузокожата. Доколку симптомите не се третираат и не се надокнади недостатокот од овој витамин, се јавува хиповитаминоза која резултира со болеста бери бери. Последица на оваа болест се изразени абнормалности на нервниот систем и срцето. Витаминот Б1 е неопходен и корисен од повеќе аспекти на човековото здравје:
Во најголемиот број земји, дневно препорачана доза за витаминот Б1 е 1,5 мг. Најновите испитувања покажуваат дека кај лица кои земале 50 милиграми дневно од овој витамин, забележана е зголемена ментална активност. |
Ви недостасуваат информации за да почнете соработка со нас и да направите сопствена промена - свој сопствен резултат?
Имате желба да ја намалите тежината, да ја зголемите, да го подобрите својот имунитет, да се исхранувате правилно во денови кога вежбате и не вежбате ?
Сакате да научите како едноставно, лесно и практично здраво да се храните а притоа да го подобрите сопственото здравје и да ја одржувате својата виталност, форма и енергија ?
Веднаш поставете прашање и поразговарајте со нашиот тим. Ние сме подготвени да ви помогнеме и заеднички да го постигнеме Вашиот успех.
Кликнете на ова копче и разговарајте во живо преку Skype:
или контактирајте не преку телефон или email
+389 78 246801, +389 78 246811
dimtrovski@wellnessmk.com