| Гликемиски индекс (GI) |
|
|
|
| НУТРИЕНТИ | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| Вторник, 26 Април 2011 07:21 | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
Гликозата е основна енергија за поголемиот број ќелии во телото, се транспортира со помош на крвта, а главно потекнува од јаглехидратите кои ги внесуваме заедно со храната. Храната со низок GI предизвикува низок пораст на гликозата во крвта, а храната со висок GI предизвикува брз пораст и голем ниво на гликоза во крвта. Познавањето на вредностите на GI може да помогне во контрола на нивото на гликоза во крвта, што може да биде добра стратегија за превенција на болести на срцето, зголемено ниво на холестерол, инсулинска резистенција и дијабетес тип 2, и дебелината. Процесот на варење на јаглехидратите има за резултат разградување на долгите молекули на гликоза, која влегува во крвта. Протеините и мастите имаат поинаков метаболизам, па затоа имаат и мало влијание на зголемување на нивото на гликоза во крвта. Присуството на гликоза во крвта предизвикува создавање на инсулин, хормон кој помага гликозата да влезе во клетките во кои се користи како извор на енергија. Кога моменталните потреби за гликоза се задоволени во клетките, вишокот се складира во мускулите и црниот дроб, за да се употреби подоцна. Кога и залихите во црниот дроб и мускулите ќе бидат пополнети, а гликозата е сеуште присутна во крвта, инсулинот е тој кој помага вишокот гликоза да се складира во масните клетки, како масно ткиво. Храната која содржи висок процент на јаглехидрати ја сочинуваат: житарици (храна која во својот состав има пченица, јачмен, ориз), потоа мешункасти растенија (леќа, грав, грашак), зеленчук кој е богат со скроб (компир). Овошјето е богато со овошен шеќер, па затоа се вбројува во храна богата со јаглехидрати. Медот, разните засладувачи и шеќери кои се додаваат во храната во текот на нејзиното процесирање, се важен извор на јаглехидрати во храната. Билните влакна претставуваат несварливи јаглехидрати. Баш затоа, влакната не го зголемуваат нивото на гликоза во крвта, иако се вбројуваат во јаглехидрати. Зголеменото лачење на инсулин може да предизвика проблеми Истражувањата покажуваат дека подолга изложеност на високо ниво на инсулин во крвта, може да предизвика зголемување на нивото на триглицериди и „лош“ холестерол, ниско ниво на „добар“ холестерол, зголемен крвен притисок, инсулинска резистенција, зголемен апетит, дебелина и ризик од појава или влошување на состојбата со дијабетес тип 2. Една студија објавена минатата година во американски весник за клиничка исхрана, носи податоци за влијанието на храната со висок глихемиски индекс на поголема инциденција на коронарни болести на срцето. Веројатно сте приметиле дека после конзумирање на благо, или слична храна богата со прехрамбен шеќер, која предизвикува нагло зголемување на нивото на инсулин, се чувствувате уморно и летаргично, или со други зборови – лошо!
Еве низ примери, колкав е GI на некои продукти: Житарици:
Овошје:
Зеленчук богат со скроб:
Мешунки:
Млечни производи:
Засладувачи:
|
Ви недостасуваат информации за да почнете соработка со нас и да направите сопствена промена - свој сопствен резултат?
Имате желба да ја намалите тежината, да ја зголемите, да го подобрите својот имунитет, да се исхранувате правилно во денови кога вежбате и не вежбате ?
Сакате да научите како едноставно, лесно и практично здраво да се храните а притоа да го подобрите сопственото здравје и да ја одржувате својата виталност, форма и енергија ?
Веднаш поставете прашање и поразговарајте со нашиот тим. Ние сме подготвени да ви помогнеме и заеднички да го постигнеме Вашиот успех.
Кликнете на ова копче и разговарајте во живо преку Skype:
или контактирајте не преку телефон или email
+389 78 246801, +389 78 246811
dimtrovski@wellnessmk.com