| Зајакнете го имунитетот на едноставен начин |
|
|
|
| Здравје |
| Недела, 02 Јануари 2011 23:22 |
|
Практикувајте квалитетен сон Многу важна работа во поглед на подобрување на имунитетот е да си овозможите одмор и мирен сон. Иако за секој човек е различно, најголем дел од експертите препорачуваат спиење најмалку 7 часа секоја ноќ. Квалитетниот сон ќе ви даде расположение во текот на целиот ден.
Обрнете внимание на исхраната Здравиот начин на исхрана исто така има влијание за подобрување на имунитетот. Повеќе имунолози тврдат дека најдобрите намирници за зајакнување на имунитетот доаѓаат од природата. За здрав имунитет, истражувањата покажуваат дека најдобра комбинација е кога се конзумираат интегрални намирници, зеленчук и овошје. Намирници како што се портокали, киви, ананас, пиперки во боја (посебно црвени и зелени), се богати со витамин Ц, кој му помага на организмот во создавање на антитела кои се задолжени да не заштитат од различни инфекции. Витаминот А им помага на кожата и слузокожата во носот и устата да останат здрави и делува како заштитна бариера против бактерии и вируси. Повеќе витамин А во себе содржат намирници кои имаат интензивни бои: портокаловото, црвеното, жолтото и темнозеленото овошје и зеленчук. Многу важни во исхраната се и витаминот Е, кој го има во целите зрна на житариците, селен кој го има во многу намирници од растително и животинско потекло, и цинкот, кој го има во намирници почнувајќи од интегралниот пченичен леб до посните меса, млекото и јогуртот. Пијте доволно вода Најголемиот дел од луѓето имаат потреба од внесување на 2-3 литри на вода за да се одржи правилна хидратација на организмот. Дали знаете дека нашето тело губи околу 1 литар вода (летно време и повеќе) во текот на ноќта преку дишење и потење? Со правилна рехидратација се надоместува водата изгубена во текот на ноќта, се одржува стабилна телесната температура, се олеснува функционирањето на виталните органи, се овозможува правилно прочистување на телото од токсините и се одржува влажоста на слузокожата и истовремено се намалува можноста за појава на настинка или грип, преку носот или белите дробови. Важно е да се избегнуваат газирани и други претерано засладени пијалоци. Колку што можете избегнувајте го стресот Силните стресови многу влијаат на добриот имунитет. Бидејќи стресот претставува неизбежна појава на модерното живеење, за најголемиот дел од луѓето кои се под страс се препорачува да најдат техники за успешно справување со стресни ситуации или доколку е можно да се оддалечат од дадената стресна ситуација. Имајте физичка активност Умереното вежбање го зајакнува имунитетот и го намалува интензитетот на стрес. Доколку не практикувате некои рекреативни вежби или не одите во теретана, фитнес или аеробик, препорачливо е да пешачите со одредено темпо барем 30 минути на денсо одредено мало темпо, или искористете го истото време за возење на велосипед. Разните хобија и поминување на време во дружење со пријателите ја подобруваат општата благосостојба и ви олеснува да ги надминете секојдневните грижи. |
Ви недостасуваат информации за да почнете соработка со нас и да направите сопствена промена - свој сопствен резултат?
Имате желба да ја намалите тежината, да ја зголемите, да го подобрите својот имунитет, да се исхранувате правилно во денови кога вежбате и не вежбате ?
Сакате да научите како едноставно, лесно и практично здраво да се храните а притоа да го подобрите сопственото здравје и да ја одржувате својата виталност, форма и енергија ?
Веднаш поставете прашање и поразговарајте со нашиот тим. Ние сме подготвени да ви помогнеме и заеднички да го постигнеме Вашиот успех.
Кликнете на ова копче и разговарајте во живо преку Skype:
или контактирајте не преку телефон или email
+389 78 246801, +389 78 246811
dimtrovski@wellnessmk.com