Крвен притисок PDF Печати Е-пошта
Здравје
Среда, 05 Јануари 2011 09:27

Крвниот притисок е притисок кој крвта го врши врз артериите под дејство на работата на срцето.

Артериите се крвни садови кои ја носат крвта од срцето кон периферијата.

Срцето работи, односно пумпа, со наизменични контракции и релаксации на срцевиот мускул. При контаракцијата на срцето, крвта врши поголем притисок врз ѕидовите на артериите, отколку при релаксација. Затоа првиот се нарекува висок, а вториот низок притисок.

При мерење на крвниот притисок секогаш се отчитуваат двете вредности на притисокот.

Доколку притисокот се мери со апарат со живин столб, вредноста 120/80 означува дека високиот (систоличниот) притисок е 120 мм живин столб, а нискиот (дијастоличен) има вредност од 80 мм живин столб.

Вредностите на крвниот притисок се менуваат под влијание на различни внатрешни и надворешни фактори, на пример: хормонални промени, физички напор, промена на емотивната состојба, болка, итн.

Доколку ви се извршени неколку мерења со вредност над 120/80, веројатно страдате од висок крвен притисок (прехипертензија или хипертензија):

  • Прехипертензија – вредности меѓу 120/80 и 139/89
  • Прва фаза на хипертензија – вредности меѓу 140/90 и 159/99
  • Втора фаза на хипертензија – вредности над 160/100

Колку се поголеми вредностите на крвниот притисок, толку е поголем ризикот од инфаркт и други сериозни здравствени нарушувања.

Како да го држите притисокот под контрола?

  • Одржувајте здрава телесна тежина.
  • Користете храна која содржи ниски нивоа на масти и холестерол, избегнувајте црвено месо и рафинирани шеќери.
  • Внесувајте доволно зеленчук и овошје, како и млечни производи со ниска масленост.
  • Помалку сол во исхраната.
  • Намалете внес на кофеин.
  • Омега 3 масните киселини се одлични во борбата против лошиот холестерол.
  • Бидете физички активни и одете редовно на лекарски прегледи.
  • Доколку користите лекови за регулирање на крвниот притисок, задолжително следете ги упатставата за нивно користење. Започнатата терапија не треба да се прекинува во ниеден друг случај, освен ако тоа не ви го дозволи лекар.
 

Контакт со нас:

Ви недостасуваат информации за да почнете соработка со нас и да направите сопствена промена - свој сопствен резултат?
Имате желба да ја намалите тежината, да ја зголемите, да го подобрите својот имунитет, да се исхранувате правилно во денови кога вежбате и не вежбате ?
Сакате да научите како едноставно, лесно и практично здраво да се храните а притоа да го подобрите сопственото здравје и да ја одржувате својата виталност, форма и енергија ?

Веднаш поставете прашање и поразговарајте со нашиот тим. Ние сме подготвени да ви помогнеме и заеднички да го постигнеме Вашиот успех.

Кликнете на ова копче и разговарајте во живо преку Skype:
My status
или контактирајте не преку телефон или email

+389 78 246801, +389 78 246811
dimtrovski@wellnessmk.com

ДОБИВАЈ е-ВЕСНИК

Редовно освежувај се нови информации за здрав и правилен начин на исхрана.Пријави се за да го добиваш нашиот бесплатен email информатор.