|
Како вашата исхрана да биде урамнотежена? |
|
|
|
|
Исхрана
|
|
Вторник, 17 Јануари 2012 08:18 |
|
Опасности од лоша исхрана, кои се поврзани со многу опасности по човековото здравје, меѓу кои:
- Ослабен имунолошки систем, поради кој се почесто сте подложни на инфекции
- Остеопороза или слаби коски
- Ослабени мускули и лош изглед на кожата, што доведува до прерано стареење
Без разлика на вашата телесна тежина, вашата природа или општото здравје во моментов, ако квалитетот на намирниците од кои се состојат вашите секојдневни оброци е лош, веројатно не добивате доволно хранливи материи. Но, урамнотежената исхрана богата со хранливи материи ќе ви помогне да се чувствувате подобро и да изгледате поубаво и одвнатре но и однадвор.
Добрата исхрана = Превенција
|
|
Повеќе...
|
|
Пет клучеви до побезбедна храна |
|
|
|
|
Исхрана
|
|
Сабота, 07 Јануари 2012 19:55 |
|
Ги пренесуваме основните препораки од Светската здравствена организација односно Републичкиот завод за здравствена заштита на Република Македонија, за побезбедна храна.
- Одржувајте ја чистотата
- Одделете ја сировата од подготвената храна
- Подготвувајте (варете) ја храната добро
- Чувајте ја храната на безбедни температури
- Користете безбедна вода и свежи продукти
Кликни тука и преземи ја комплетната препорака како слика! |
|
Исхрана
|
|
Понеделник, 02 Јануари 2012 17:50 |
|
За оптимална добросостојба би требало да секојдневно преку исхраната внесувате 25 грама растителни влакна и тоа од комбинирани извори (интегрални житарици, овошје и зеленчук). Интегралните житарици се состојат од надворешна обвивка од влакна, внатрешен дел богат со скроб и клици во средината (‘ркулци), кои се богати со протеини. Потрудете се да ги прочитате декларациите на производите и изберете храна од интегрални житарици секогаш кога можете.
Пробајте дневно да конзумирате и до 3 порции интегрални производи, како леб или тестенини од 100% интегрални житарици, жолт ориз и житни снегулки од зоб или грубо мелена пченица. Тие се извор на повеќе витамини и минерали и влакна отолку производите од рафинирано брашно.
- Влакната обезбедуваат несметан проток на храната низ цревата и го успоруваат празнењето на храната во желудникот.
- Со внесување на соодветна количина на влакна во исхраната се одржува добросостојбата на кардиоваскуларниот состав.
|
|
Исхрана за под летното сонце |
|
|
|
|
Исхрана
|
|
Среда, 22 Јуни 2011 13:25 |
|
Сончевата светлина не е само привилегија резервирана за годишни одмори. Таа е и наш главен извор на витамин Д, кој под нејзино влијание се создава под кожата. Витаминот Д му е потребен на телото за да може да го апсорбира калциумот, за одржување на добра состојба на коските и многу други клучни телесни функции.
Но, преголеми дози од сончева светлина може да бидат вистински кошмар за здравјето. Затоа вашата кожа како што ја чувате од надвор, треба да ја чувате и од внатре: јадете намирници кои се богати со антиоксиданти и нутриенти, пијте многу вода, користете соодветни производи за нега на вашата кожа, за да ја задржите нејзината влажност и да се заштитите од оштетувањата кои може да ги предизвика сончевата светлина. Дури и кога се сончате, многу е важно секојдневно да се користи дневна крема со заштитен фактор и на таков начин да ја заштитите кожата од сонцето.
Сонцето може да биде штетно и кога е облачно. Затоа одберете еден од нашите хидрантни производи за нега на лице од колекцијата на NOURIFUSION со заштитен фактор 15 или производ од нашата летна линија против стареење на кожата SKIN ACTIVATOR, исто така со заштитен фактор 15.
Тој дополнителен напор ќе ви помогне да го задржите летниот сјај на кожата и во есен!
(За деталите за колекциите за нега на кожа, контактирајте не на телефон: +389 78 246801). |
|
СОНЦЕТО И МОРЕТО – еликсири на убавина |
|
|
|
|
Исхрана
|
|
Среда, 22 Јуни 2011 13:22 |
|
Плажата веќе одамна не е место на кое треба да се „пржите“ на сонце. Морската вода може да се користи за ефикасна масажа, песокот е одличен педикир, морскиот воздух ги прочистува дишните патишта, а топлината на сончевите зраци може за кратко време да ја елиминира болката.
Морската вода содржи цела палета од состојки корисни за кожата и организмот. Доволно е да се погледнете во огледало по само еден ден поминат на плажа и веднаш ќе ги забележите разликите, кожата изгледа поцврсто, а тенот е поубав. Одморот на море им годи на сите доколку се практикува умерена изложеност и при тоа се користи правилна заштита.
|
|
Повеќе...
|
|
|
|
|
<< Почеток < Пред 1 2 Следно > Крај >>
|
|
Страница 1 од 2 |