| Избегнувајте празни калории |
|
|
|
| Исхрана |
| Вторник, 04 Јануари 2011 00:57 |
|
Како да одлучите што е добро за пиење? Најхранливи течности се: свежо цедените сокови, млекото со ниска масленост, супите и овошните фрапеа. Сите се богати со нутриенти, но и со калории, па треба да се внимава со количините. Газираните и спортските пијалоци, како и пакуваните овошни сокови се добри за задоволување на жедта, но содржат премногу калории, а премалку хранливи состојки. Во основа, тие се зашеќерена вода преку која се внесуваат стотици празни калории во телото. Диеталните напитоци се добра опција ако сакате да го намалите внесот на калории. Но, сепак се препорачува ограничена употреба на вештачките засладувачи. За вкусен, нискокалоричен пијалок, исцедете лимон во чаша изладена, обична или минерална вода. Билните чаеви топли или ладни, се одличен избор за хидратација на организмот. Потребно е да се разбере дека преку пијалоците може многу бргу да се внесат огромен број калории во телото. Избегнувањето на засладени пијалоци во исхраната – значи и губење на тежината. На пример, во чаша газиран засладен напиток има околу 10 лажички шеќер, што значи дека со намалување на две чаши дневно, неделно би изгубиле околу половина килограм. |
Ви недостасуваат информации за да почнете соработка со нас и да направите сопствена промена - свој сопствен резултат?
Имате желба да ја намалите тежината, да ја зголемите, да го подобрите својот имунитет, да се исхранувате правилно во денови кога вежбате и не вежбате ?
Сакате да научите како едноставно, лесно и практично здраво да се храните а притоа да го подобрите сопственото здравје и да ја одржувате својата виталност, форма и енергија ?
Веднаш поставете прашање и поразговарајте со нашиот тим. Ние сме подготвени да ви помогнеме и заеднички да го постигнеме Вашиот успех.
Кликнете на ова копче и разговарајте во живо преку Skype:
или контактирајте не преку телефон или email
+389 78 246801, +389 78 246811
dimtrovski@wellnessmk.com