| Калории |
|
|
|
| Исхрана |
| Вторник, 26 Април 2011 07:26 |
|
Калориите доаѓаат во различни форми, тврди и течни.
Од неодамна сведоци сме на експанзија на типизирани продавници за кафе, насекаде во светот. Кофеинот сам по себе, не претставува опасност по здравјето на човекот. Проблемот е најчесто во различната количина на шеќер која се додава во ваквите пијалоци. Вториот проблем е се поголемото присуство на најразлични типови на енергетски пијалоци, кои се преполни со огромни количества на кофеин, засладувачи и со малку нутриенти. Маркетингот во последно време е насочен кон здравјето и виталноста на човекот, но најголемиот број на енергетски пијалоци не содржат нутриенти. Главно имаат функција на стимуланти, дејство кое го предизвикуваат кофеинот и шеќерот. Калориите во моментов се најголем проблем и ќе продолжат да бидат, се додека самите не станеме свесни за тоа што е добро за нас, а што не е. Затоа запомнете: предоминантен проблем во оваа пандемија на гојазност и преголема телесна тежина се КАЛОРИИТЕ. Иако еден просечен конзумент не знае кои се неговите дневни калориски потреби, важно е да се превземат некои едноставни чекори, за да се зголеми свесноста на луѓето за овој проблем. КОНТРОЛА НА КАЛОРИИТЕКонтрола на внесените калории на дневна база, е еден од најголемите проблеми со кој сите се соочуваме. Но, се додека не почнеме да ги броиме калориите кои ги внесуваме во текот на денот, проблемот ќе биде од огромни размери, пред ситуацијата да се подобри. Постојат многу различни кампањи поврзани со здравјето на луѓето, за да се подигне нивната свесност. Но, за жал од некои причини, и покрај постоењето на ваквите кампањи, процентот на гојазни луѓе е се поголем секој ден. Компаниите кои се финансиски помоќни, секогаш ќе бидат на врвот на кривата и ќе можат да заработуваат од различните трендови. Информацијата за тоа колку калории содржи едно јадење, или тип на храна, или продукт, е информација која секогаш може да биде од помош. Многу fast-food брендови, пробуваат да ја зголемат свесноста на луѓето за она што го јадат со ставање на количината на калории која се содржи во храната која ја продаваат, во самото мени. Ова е навистина вистински чекор во вистинска насока. Се надеваме дека броењето на калориите ќе го подигне нивото на свесноста на луѓето за исхраната. Предизвикот е токму во можнста да се разбере што е соодветно. Пошироката јавност има многу малку разбирање за тоа што значат 1000 калории за еден чизбургер или 700 калории за cafe latte. Постои голем процент на неукост во оваа област, како кај докторите, така и кај нивните пациенти. Луѓето секојдневно конзумираат преголеми количини на калории, без да ги знаат своите лични калориски потреби. Затоа е многу важно да се почне со некои едноставни чекори. На сите им треба едноставен пристап, за да разберат што е добро за нивниот режим на исхрана. Ваквиот пристап секогаш треба да тргне од тоа, да секој конзумент ги разбере прво своите лични потреби. |
Ви недостасуваат информации за да почнете соработка со нас и да направите сопствена промена - свој сопствен резултат?
Имате желба да ја намалите тежината, да ја зголемите, да го подобрите својот имунитет, да се исхранувате правилно во денови кога вежбате и не вежбате ?
Сакате да научите како едноставно, лесно и практично здраво да се храните а притоа да го подобрите сопственото здравје и да ја одржувате својата виталност, форма и енергија ?
Веднаш поставете прашање и поразговарајте со нашиот тим. Ние сме подготвени да ви помогнеме и заеднички да го постигнеме Вашиот успех.
Кликнете на ова копче и разговарајте во живо преку Skype:
или контактирајте не преку телефон или email
+389 78 246801, +389 78 246811
dimtrovski@wellnessmk.com