СОНЦЕТО И МОРЕТО – еликсири на убавина PDF Печати Е-пошта
Исхрана
Среда, 22 Јуни 2011 13:22

Плажата веќе одамна не е место на кое треба да се „пржите“ на сонце. Морската вода може да се користи за ефикасна масажа, песокот е одличен педикир, морскиот воздух ги прочистува дишните патишта, а топлината на сончевите зраци може за кратко време да ја елиминира болката.

Морската вода содржи цела палета од состојки корисни за кожата и организмот. Доволно е да се погледнете во огледало по само еден ден поминат на плажа и веднаш ќе ги забележите разликите, кожата изгледа поцврсто, а тенот е поубав. Одморот на море им годи на сите доколку се практикува умерена изложеност и при тоа се користи правилна заштита.

 

Морето претставува еден вид на природен лек за помали и поголеми здравствени потешкотии, како што се болки во зглобовите и воспаление на синусите.

Морскиот воздух и природните соли се одлични за прочистување на дишните патишта кои најчесто страдаат од влијанијата на урбаното загадување.

Многу козметички препарати и третмани се инспирирани од морето: масажа со морска сол (идеален пилинг), морска кал против целулит,раствори и пакувања од морски алги за слабеење, купки од миризливи морски соли за релаксирање и еластичност на кожата.

  1. МОРЕ – Тајната на благопријатното дејство на морето е во оптималната концентрација на морски соли (натриум хлорид, јод, магнезиум, бром, калиум, калциум и калиум) и присуството на морска микрофауна, алги и планктони. Луѓето кои страдаат псоријаза, себоричен дерматит, имаат одлични сојузници во морето и сонцето, за надминување на тегобите. Струењето на водата и брановите се одлична хидромасажа за целото тело, вистинска васкуларна гимнастика, особено во случаи на нарушена венска и лимфна циркулација.
  2. СОНЦЕ – За убавината и доброто расположение е заслужна сончевата светлина, која се рефлектира од морската површина и песокот и преку очниот нерв стигнува до ендокрините жлазди на мозокот. На овој начин позитивно дејствува на целокупниот хормонален систем. Го стимулира лачењето на серотонин, антистресен неуротрансмитер кој влева оптимизам и добро расположение. Хормоналната рамнотежа го спречува стареењето и ја продолжува младоста. Сончевите зраци кои минуваат низ заштитните филтри ја загреваат кожата и ја релаксираат мускулатурата.
  3. ПЕСОК – Секој пат кога ќе легнете директно на песокот и овозможувате на кожата да впие дел од корисните состојки: морските соли и органските остатоци од алгите. Песокот содржи и микроскопски зрнца од школки и различни минерали, кои во зависност од потеклото му даваат различно обојување на песокот.
  4. ВОЗДУХ – Морскиот воздух се карактеризира со незагаденост и богатство на минерални соли кои се здрави за кожата и белите дробови. За да го искористите во целост позитивното влијание на морските „аеросоли“ практикувајте долги прошетки по крајбрежјето, особено кога морето е поразбранувано и има поголемо испарување на солите во воздухот.

 

 

Контакт со нас:

Ви недостасуваат информации за да почнете соработка со нас и да направите сопствена промена - свој сопствен резултат?
Имате желба да ја намалите тежината, да ја зголемите, да го подобрите својот имунитет, да се исхранувате правилно во денови кога вежбате и не вежбате ?
Сакате да научите како едноставно, лесно и практично здраво да се храните а притоа да го подобрите сопственото здравје и да ја одржувате својата виталност, форма и енергија ?

Веднаш поставете прашање и поразговарајте со нашиот тим. Ние сме подготвени да ви помогнеме и заеднички да го постигнеме Вашиот успех.

Кликнете на ова копче и разговарајте во живо преку Skype:
My status
или контактирајте не преку телефон или email

+389 78 246801, +389 78 246811
dimtrovski@wellnessmk.com

ДОБИВАЈ е-ВЕСНИК

Редовно освежувај се нови информации за здрав и правилен начин на исхрана.Пријави се за да го добиваш нашиот бесплатен email информатор.